Роналдо го доби Јувентус на суд – треба да му платат 19,5 милиони евра

April 17, 2024
1 min read

Кристијано Роналдо го доби случајот против Јувентус за неисплатени плати во износ од 19,5 милиони евра, објави „Газета дело спорт“. По даноците, пак, напаѓачот ќе добие само 9,77 милиони евра.

Пандемијата на коронавирус која избувна во пролетта 2020 година донесе проблеми за италијанскиот гигант. Поради финансиските проблеми кои следеа, клубот се договори со своите играчи да им исплати само дел од платите, а по извесно време, кога работите се стабилизираа, да им го исплатат остатокот. Така Роналдо се согласи на оваа шема, но така Јуве никогаш не му го плати она што му го должи.

Во врска со ова, Роналдо поднесе тужба и на крајот ја доби. Згора на тоа, „бјанконерите“ сега ќе треба да му ја платат и каматата за предметната сума.

Кристијано играше за италијанскиот тим од 2018 до 2021 година и забележа 134 натпревари со 101 гол и 22 асистенции.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОВОЈ ЧЕТВРТОК Е ДЕН ЗА БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО СИТЕ МУЗЕИ И АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТИ ВО ЗЕМЈАВА

Следно

ЕДНА РАБОТА БИЛА ПРЕСУДНА ДА ЈА БЛОКИРА: Карлеуша откри дека откако му го кажала ова на Канје Вест веќе не се пријатели на Инстаграм!

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop