ОВИЕ 20 ГОДИНИ СЕ ЗАГРЕВАВ, СЕГА ДОАЃА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД МАРАТОНОТ, ВЕЛИ ТЕНОРОТ БЛАГОЈ НАЦОСКИ ПРЕД ЈУБИЛЕЈНИОТ КОНЦЕРТ ВО НОБ

February 4, 2023
2 mins read

Вечерва ќе има убава музика, но и убав муабет, би сакал да се создаде еден вид интима со публиката, вели македонскиот тенор со меѓународна кариера Благој Нацоски, пред вечерашниот концерт  (20 часот) во Националната опера и балет (НОБ).  Концерот во чест на јубилејот е насловен „Вечер со Благој Нацоски: Првите 20 години“.  Гости се Наде Талевска (сопран) и Васко Здравков (баритон), пијано придружба е Јанинка Невчева, а режисер е Дејан Прошев.

„Вечерта ја замислувам не како типичен концерт, туку како една дружба на која ќе преовладува убава музика. Програмата ќе изобилува со најпознати арии и дуети од популарните опери од Верди, Пучини, Росини, Масне, Чилеа, некои од нив ќе имаат и симболика за мене, односно ќе бидат поврзани со важни или интересни моменти од мојата кариера. Ќе има малку и македонска преработена музика“, вели Нацоски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Изминатите години, Нацоски бележи големи успеси во миланска Скала, во Њујорк, Токио, Париз, Парма, Бангкок, Макао, Неапол, Валенсија, Палермо и Кина. Дебитираше во февруари 2003 во Римската опера како прв Македонец кој настапил во оваа престижна оперска куќа.

Изминатите години, Нацоски бележи големи успеси во миланска Скала, во Њујорк, Токио, Париз, Парма, Бангкок, Макао, Неапол, Валенсија, Палермо и Кина. (Фото: Ф. Парензан)

Следните негови настапи ги вклучуваат „Адријана Лекуврер“ во Катанија, „Норма“ во Џенова и „Турандот“ во Бари, како и турнеја во Јапонија и концерти во Мантова и Удине.

– На што прво помислувате кога си правите ретроспектива на првите 20 години?   Како поминаа последниве 20 години?

– Најпрвин би рекол дека овие 20 години летнаа, како што народски се вели „како вчера да беше“. Се разбира, помислувам на многу нешта, пред се‘ на сите убави моменти што ми ги пружа професијата, на сите луѓе што ги имам запознаено во целиот свет, кои од нив би сакал повторно да ги сретнам, а и кои не би сакал да ги видам пак. По природа сум позитивен и оптимист така што, гледам да не ги паметам и оние непријатни моменти кои што се разбира дека во текот на една дваесетгодишна кариера сепак постојат, или пак на нив помислувам сако како на искуства од кои сепак сум научил нешто. Инаку, би сакал да е можно да избројам колку часови имам поминато во авион досега во мојот живот, а од друга страна всушност, воочувам и колку ни е мала планетава, за само 12 часа сте од другата страна на светот. Исто така, она што ми е интересно и би сакал да го напоменам е дека до пред некоја година бев секогаш најмладиот учесник во една оперска продукција и тоа веќе не е така, како преку ноќ да се променија нештата.

– Имате ли некоја анегдота што секогаш ќе ја паметите?

– Секако има многу, но во моментов прва што ми доаѓа на памет е онаа кога пристигнав во Салцбург и влегов во барот што се наоѓа непосредно до театарот и додека го пиев кафето се свртев зад мене и се здогледав себеси на еден голем постер на ѕидот. Се работеше за една фотосесија која ја имав заборавено, за која бев отишол набрзина од утро до вечер до Дизелдорф неколку месеци претходно за да ме сликаат. Ги немав видено сликите сѐ до тој момент во барот. Веднаш прашав дали може да си го земам постерот кога ќе завршат моите настапи, но одговорот беше дека тие постери односно гигантски фотографии, како од мене, така и од неколку мои колеги се продаваа и оти се разбира дека можам да го купам. Анегдотата е во тоа што за да се купам себе си ми беа побарани 4.500 евра (ха, ха).

Вечерта ја замислувам не како типичен концерт, туку како една дружба на која ќе преовладува убава музика, вели Нацоски. (Фото: К. Левантино)

– Што си посакувате во наредните 20 години?

– Јас би рекол дека овие први 20 години ми беа само загревање, сега ќе започнам да трчам вториот дел од маратонот, а се надевам дека истиот ќе трае долго. Сега веќе имам стекнато одлично искуство и знам како да трчам, нека ме служи само здравјето. Сцената и публиката се и мој извор на енергија така што, би сакал постојано да настапувам насекаде и во наредните 20 години. Можеби ете, би сакал да настапам и на места каде што никогаш немам настапено, како континент ми недостига Австралија на пример, потоа некои градови како Лондон, Берлин и Мадрид.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Српскиот парламент гласаше против признавање на Косово, Вучиќ в понеделник за планот САД-ЕУ

Следно

(ВИДЕО) Пендаровски, Ковачевски и министрите си заминаа од црквата „Св. Спас“, се очекува Мицкоски, а потоа и бугарската делегација

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат
Go toTop