Оваа секојдневна навика е подеднакво опасна како пушењето, а речиси сите ја имаме

November 6, 2025
1 min read

Седечкиот начин на живот стана глобална здравствена криза. Експертите сè повеќе го споредуваат со пушењето, бидејќи долготрајното седење го зголемува ризикот од сериозни болести и предвремена смрт.

И покрај бројните предупредувања, повеќето луѓе сè уште поминуваат премалку време во движење, пишува „Tајмс оф Индија“.

Според Светската здравствена организација (СЗО), четири до пет милиони смртни случаи годишно би можеле да се спречат со само малку повеќе дневна физичка активност. Но, реалноста е поразителна: едно од четири возрасни лица и четири од пет адолесценти не се доволно активни. Премногу време се поминува седејќи, на работа, во автомобил или пред екран, создавајќи тивка епидемија што станува еден од водечките фактори на ризик за незаразни болести.

Зошто движењето е клучно?

Како што пренесува „Тајмс оф Индија“, докажано е дека редовната физичка активност:

• Го намалува ризикот од неколку видови рак за 8 до 28 отсто;

• Го намалува ризикот од срцеви болести и мозочен удар за 19 отсто;

• Го намалува ризикот од дијабетес за 17 отсто;

• Го намалува ризикот од депресија и деменција за 28 до 32 отсто.

Британскиот лекар д-р Ранган Чатерџи, со над 23 години искуство, предупредува: „Ако сакате добро здравје на мозокот и срцето и ако сакате да функционирате најдобро како што стареете, мора да го движите своето тело.“

Тој додава дека ништо не треба да застане помеѓу нас и движењето што го одржува телото здраво.

Ново истражување објавено во списанието на „Канадската медицинска асоцијација“ покажало дека активноста:

• Го намалува ризикот од хронични болести;

• Ја одржува силата и мобилноста;

• Ја продолжува независноста во староста.

Д-р Чатерџи ја наведува и својата рутина: „95 отсто од времето одам пеш барем еден час на ден. Тоа е моја свесна одлука.“

Што веќе сега можете да направите за да го намалите влијанието на седечкиот начин на живот?

Можете веднаш да реагирате, а експертите ги издвојуваат овие совети:

• Станете и кратко прошетајте на секои 30 минути.

• Паркирајте го автомобилот малку подалеку и прошетајте

• Качувајте се по скали и помалку користете го лифтот

• Шетајте наоколу во текот на телефонски разговори, немојте да седите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Во пресрет на големиот празник-обичаи и верувања за Митровден

Следно

Ненси Пелоси се пензионира

Latest from Blog

САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Французин открил богатство вредно речиси 700.000 евра додека копал базен во својата градина, а властите му дозволиле да остена кај него бидејќи оцениле дека е легално стекнато. Тој пронашол „5 златни прачки

Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот. Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите

За ЕУ интеграцијата на Западен Балкан на средбите на Калас со Мицотакис и Герапетритис во Атина

Ако ја погледнеме мапата, ова е местото каде што припаѓаат. И треба да си ја завршиме домашната задача, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по

Белингам се врати во репрезентацијата на Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел ќе го врати Џуд Белигнам во националниот тим за претстојниот квалификациски прозорец. Белингам беше изоставен од составот минатиот месец, а Тухел инсистираше дека играчот
Go toTop