Ова го има само во Кина: Железничка станица среде станбена зграда (Видео)

October 10, 2025
1 min read

Станицата „Лизиба“ во Чонгкинг, Кина, е веројатно единствената железничка станица во светот сместена сред станбена зграда. И тоа, таа се наоѓа меѓу шестиот и осмиот кат на 19-катната зграда – и, според многумина, навистина е неверојатно да се гледаат возовите како минуваат низ „утробата“ на облакодерот.

Можеби ќе ве интересира: Кина гради џиновски ветерни турбини отпорни на тајфуни

Возот бил планиран кога самата зграда била изградена. Шините, притоа, биле провлекувани низ постоечкиот облакодер, иако често се верува дека е поинаку. И, неверојатно, но вистинито – жителите речиси и да не слушаат бучава благодарение на одличната изолација. Станицата Лизиба е омилена атракција во Чонгкинг, а покрај гледањето на возовите или самото возење во нив, посетителите доаѓаат во туристичкиот центар и заради изложби, прочетки, сувенири.

Сместен во планините на југозападна Кина, кинескиот град Чонгкинг – поради својата посебна географска местоположба, немал простор да расте никаде освен нагоре, што и резултирало со неговата чудна архитектура. Обичното урбанистичко планирање не било можно, па градот прераснал во повеќеслоен лавиринт. За туристите, па дури и за некои тамошни жители (од 32 милиони кои живеат таму), истражувањето на Чонгкинг и лутањето по неговите улици се најголемите знаменитости.  

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Лабудовиќ: Секој центарец ќе добие свое паркинг место, планираме реконструкција на улиците и изградба на повеќе монтажни гаражи

Следно

Фото: Легендарниот Џејмс Бонд има нов имиџ

Latest from Blog

Појадок кој го намалува холестеролот и го чува срцето – едноставна намирница која крие вистинско богатство за здравјето

Од холестеролот зависи произведувањето на хормоните како естроген и тестостерон, создавањето витамин Д и варењето на храната. Црниот дроб произведува голем дел од холестеролот, а останатиот дел го внесуваме преку исхраната. Проблемот

Свечена академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Утре, 11.10.2025 година (сабота), со почеток во 12:30 часот по повод одбележување на 11 Октомври Денот на народното востание ќе се одржи свечена академија „На вистинската патека, за татковина со иднина“. Академијата

Проданоски: Современа инфраструктура за уметниците и културните работници

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека културата е душата на еден град, а Прилеп отсекогаш се препознавало по својата богата уметничка традиција, театарот, музиката и бројните културни настани

Ѓорѓиевски: Припор и Сопиште добиваат системско решение за отпадните води

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во градежните активности за поставување на новата фекална канализација во местото Бабин Дол, во населбата Припор. Проектот, долг 1.130 метри, е
Go toTop