Осумнаесет мигранти пронајдени мртви во камион близу Софија

February 17, 2023
1 min read

Првичните информации велат дека камионот нелегално превезувал околу 50 мигранти од Авганистан кои се криеле меѓу дрвениот градежен материјал сместен во возилото. Причината за смртта на мигрантите засега е непозната, но полицијата ја исклучува можноста за сообраќајна несреќа

Осумнаесет лица, меѓу кои и едно дете, се пронајдени мртви во напуштен камион во бугарското село Локорско во околината на Софија, информира Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Според првичните информации, како што јавува Бугарската национална телевизија (БНТ), камионот нелегално превезувал околу 50 мигранти од Авганистан кои се криеле меѓу дрвениот градежен материјал сместен во возилото.

„Засега не е позната причината за смртта на лицата, но исклучена е можноста за сообраќајна несреќа“,

прецизираат од МВР на Бугарија, додaвајќи дека се трага по возачите на камионот.

По добиената пријава, на местото на настанот пристигнале лекарски екипи кои констатирале смрт кај 18 лица. Според БНТ, во несреќата се повредени 34 лица, меѓу кои и пет деца. Повредените се пренесени в болница.

Министерот за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев, изјави дека повеќето од повредените се во тешка состојба, но дека не се во животна опасност.

„Страдаат од недостаток на кислород, облеката им е влажна, смрзнуваат и очигледно не јаделе со денови“,

рече Меџидиев.

Истрагата за смртта на мигрантите ќе ја преземе Националната агенција за истраги.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лажни се дојавите за бомби во училиштата во Скопје

Следно

Пребарувал под урнатините со багер, па зградата започнала да се урива како кула од карти – кога се кренала прашината сведоците останале подзинати (ВИДЕО)

Latest from Blog

Ова се 5 предвидувања на Нострадамус за 2026 година

Нострадамус, велат, предвидел некои од клучните историски настани и големи катастрофи: пожарот што го уништи Лондон, подемот на Наполеон и Хитлер, смртта на Џон Кенеди и кралицата Елизабета, нападот врз Светскиот трговски

Администрацијата на Лувр поставува решетки на прозорците на галеријата Аполо

Музејот Лувр во Париз постави метални решетки на прозорците на галеријата Аполо, каде што крадци провалија и украдоа накит од колекцијата на Наполеон во октомври. Службеникот на музејот, Франсис Штајнбок, рече дека

Македонската берза ги додели годишните награди

На свечена церемонија во Скопје вечерва беа доделени Годишните награди на Македонската берза за 2025 година. Наградата за акција со најголем промет беше доделена на Комерцијална банка, додека акција со најголем пораст
Go toTop