Осумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески

October 16, 2025
1 min read

Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 18-тиот маратон во чест на Тоше.

Маратонот почна од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на годишнината од неговото загинување, маратонците треба да пристигнат во Крушево.

Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево. 

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик.

Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Одбележување на Светскиот ден на храната и 80 години од основањето на ФАО

Следно

58,2 милиони денари од „Булмак 2016“ за државата и четири општини до третиот квартал од 2025

Latest from Blog

Љутков: Да изградиме индустрија што ќе создава игри со македонски печат и глобален потенцијал

Денес во Скопје беше отворена првата конференција за развој на видеоигри во Македонија „Game Dev Rev 2025“, во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри (MGI). Со своето обраќање пред присутните,

Коњановски се сретна со амбасадорот на Шпанија по натпреварот Еурофарм Пелистер – Барселона

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола и актуелен градоначалник, денес сподели детали од средбата со амбасадорот на Кралството Шпанија, н.е. Рафаел Соријано Ортиз, кој е голем љубител на спортски настани.

Тоневски: Нов пат кон Пониква ќе го олесни пристапот и ќе ја зголеми посетеноста

Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип, најави нови инфраструктурни и образовни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот во општината. Еден од клучните проекти е изградбата на нов пат

Ѓорѓиевски најавува стратешки инфраструктурни проекти за источниот дел на градот

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје, денес ја претстави првата фаза од изградбата на новиот булевар „Хрватска“, проект кој, според него, ќе ја промени сообраќајната слика на источниот дел на градот

ВЛЕН: Струга се обединува околу независниот кандидат Менди Ќира

Коалицијата ВЛЕН вечерва одржа голем митинг во Струга, каде пред голем број граѓани беше испратена јасна порака дека Струга оживува и дека времето на лошото владеење завршува. ВЛЕН целосно го поддржува независниот
Go toTop