Осуди за нападот на данската премиерка на плоштад во Копенхаген

June 8, 2024
1 min read

Лидерите остро го осудија нападот врз данската премиерка Мете Фредериксен на централниот плоштад во Копенхаген, што дополнително го зголеми алармантниот бран на политичко насилство што ја тресе Европа, јави ДПА.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во објава на Х го нарече „одвратен чин што е спротивен на сè што веруваме и за кое се бориме во Европа“.

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, рече дека е „огорчен“ од „кукавичкиот чин на агресија“.

Фредериксен (46) е „шокирана од инцидентот“ синоќа во кој беше погодена додека беше на плоштадот Култорвет, соопшти нејзиниот кабинет, но дополнителни детали за можните повреди не се наведени.

Полицијата соопшти дека уапсила 39-годишен маж по нападот и оти тој денеска ќе се појави пред суд во Копенхаген. Тие не кажаа како се одвивал нападот. Очевидци изјавија за данските медиуми дека премиерката пеш се оддалечила од местото на настанот.

Инцидентот се случи додека 27-те земји на ЕУ избираат стотици членови на Европскиот парламент за време на четиридневното гласање кое почна во четвртокот. Гласачите во Данска утре излегуваат на гласање.

„Мете е многу добра колешка и мудар партнер. Искрено се надевам дека не е повредена, напиша шведскиот премиер Улф Кристерсон на X. „Нападот врз демократски избран лидер е исто така напад врз нашата демократија“.

Роберта Мецола, претседателката на Европскиот парламент, напиша: „Вечерашниот напад врз данската премиерка е ужасен. За насилството нема место во политиката. Остани силна, Мете!“

„Вознемирувачки е да се слушне дека премиерката Фредериксен била нападнат на јавен плоштад во Копенхаген. Не можеме да ги отфрлиме или нормализираме ваквите акти на агресија. Тоа е опасно за нашите демократии“, истакна канадскиот премиер Џастин Трудо.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Макрон – Зеленски: Франција ќе продолжи да ја поддржува Украина на сите платформи

Следно

Полагање на вториот екстерен испит од државната матура

Latest from Blog

Тоневски: Нашите рудари се симбол на трудот, истрајноста и посветеноста

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски,

Русите му веруваат на Путин

Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9

475 луѓе загинаа во поплавите во Непал, над 1.500 се водат за исчезнати

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, додека екипите истовремено работат на расчистување на блокираните патишта во погодените области. Непалската армија објави дека спасила 900 луѓе од најтешко погодените области, вклучувајќи ги областите
Go toTop