Средба Макрон – Зеленски: Франција ќе продолжи да ја поддржува Украина на сите платформи

June 8, 2024
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе продолжи да ја поддржува Украина на сите платформи, изразувајќи надеж дека преговорите за пристапување на Украина во Европската Унија (ЕУ) ќе започнат до крајот на јуни, јавува Анадолу.

Макрон го прими украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој придружуван од сопругата Олена Зеленски пристигна во Елисејската палата во француската престолнина Париз.

По средбата, францускиот претседател повтори дека Франција не води војна против Русија, ниту сака ескалација, но тоа не значи дека на Русија ќе ѝ биде дозволено да воведе ограничувања на француско-украинската воена соработка или да ѝ го одземе правото на Украина да се брани.

Тој најави и фонд за поддршка од 200 милиони евра, наменети за клучната инфраструктура во Украина.

Макрон рече дека Франција работи во коалиција со други земји со цел да испрати воени инструктори во Украина, одбивајќи да каже за кои земји станува збор.

Зеленски изрази благодарност до Франција за поддршката и порача дека Европа мора да остане подрачје на мирот и слободата, а не на насилството.

Додаде дека самитот кој следната недела се одржува во Швајцарија „сигурно ќе биде чекор кон ставање крај на војната“.

Макрон рече дека ќе присуствува на самитот и планира да ја посети Украина, додавајќи дека очекува самитот во Швајцарија да биде „важен чекор кон градењето траен мир“ во Украина.

Двете земји потпишаа четири договори, првиот за Фондот за инфраструктура на Украина, вториот за отворање на канцеларија на Француската агенција за развој во Украина, третиот за напредок во соработката за мирно користење на нуклеарната енергија и последниот за соработка во областа на одбранбената индустрија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се празнува Светиот апостол Карп

Следно

Осуди за нападот на данската премиерка на плоштад во Копенхаген

Latest from Blog

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа

Тоневски: Нашите рудари се симбол на трудот, истрајноста и посветеноста

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски,

Русите му веруваат на Путин

Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9
Go toTop