Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

December 11, 2024
1 min read

Потпретседателот на Демократската Унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи изрази несогласување со одлуката на Уставниот суд да одржи подготвителна седница за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.

Во изјава за медиуми по денешната одлука на Уставниот суд, на која не беа присутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдини, а судијата Фатмир Скендер одлучи да не присуствува на расправата по оваа точка, Османи истакна дека е недозволиво во мултиетничка држава највисокиот орган да одржува седници со моноетнички состав, особено на чувствителни теми.

– Како легитимни претставници од последните претседателски и парламентарни избори во име на албанскиот народ, прво сакаме да го осудиме продолжувањето на седницата на Уставниот суд со моноетнички состав. Пораката на тројцата уставни судии од етничките заедници со нивното неприсуство беше доволен сигнал за да прекине седницата веднаш, изјави Османи.

Тој додаде дека во име на албанскиот народ ја одбива секоја одлука којашто значи продолжување на процесот на укинување на Законот за употреба на јазиците. 

– Единствената праведна одлука којашто требаше Уставниот суд денеска да ја донесе е да ги отфрли сите 13 иницијативи и да се затвори ова прашање. Закажувањето на подготвителни седници е само продолжување на процесот на укинување на Законот за јазици, нагласи Османи.

Според него, ова не е само кауза за албанскиот јазик, туку и за заштита на мултиетничка европска Македонија. 

– Очекуваме поддршка од сите етнички заедници за да ги изолираме силите кои наместо да градиме на тоа што досега го изградивме кон една просперитетна европска толерантна мултиетничка Северна Македонија, не враќаат 20 години наназад, додаде тој.

Потврди дека ќе продолжат со отпорот кон, како што рече, укинување на албанскиот јазик и кон еднаквоста, и најави дека народот ќе биде присутен кога Уставниот суд ќе ја продолжи седницата за оценување на уставноста.

Уставниот суд на Северна Македонија денеска одлучи да одржи подготвителна седница за расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците. На наредниот работен состанок ќе се разгледуваат предлозите за спорни прашања и учесниците во расправата.

Законот за јазиците е предмет на 13 иницијативи од различни граѓани, партии и здруженија. Уставниот суд може да ги отфрли, поведе постапка, времено запре примена или прати законот на доработка во Парламентот. 

Подносители се ВМРО-ДПМНЕ, Левица, „Светски македонски конгрес“, Солза Грчева, Тања Каракамишева Јовановска, Јове Кекеновски, Васко Лазески, Ивана Митевска, Томе Тодоровски, Клементина Брзановска и Владимир Стефановски. 

Уставниот суд го сочинуваат девет судии: шест Македонци, двајца Албанци и еден Турчин.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инзаги за поразот на Интер од Баер: Не одигравме на ниво

Следно

Над 200 илјади граѓани во Хрватска имаат блокирани сметки

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop