Осимен, Ндиди и Лукман за водство од 3:0, ама на крајот Нигерија се “тресеше“!

December 27, 2025
1 min read
ФОТО: TotalEnergies Africa Cup of Nations/FB

Нигерија го победи Тунис со 3:2 во 2. коло од Групата „Ц“ на Африканскиот куп на нации и со тоа како прва се пласира во следната фаза.
Лесно е да се види квалитетот што го има Нигерија на овој турнир. Алекс Ивоби, Вилфред Ндиди, Френк Онеџака, Акор Адамс, Адемола Лукман и Виктор Осимен го започнаа натпреварот против Тунис. Офанзива што може да отклучи секоја брава.

Не гледавме многу квалитетен и интересен натпревар, особено во првото полувреме кога беше постигнат еден гол и тоа кон крајот првиот дел. Тогаш Виктор Осимен се заврте, некои би рекле спротивно на законите на физиката, и постигна гол со глава по центаршутот на Адемола Лукман.

Со почетокот на второто полувреме, видовме уште еден сличен гол, само што овој пат имаше прекин. И тој го изведе Адемола Лукман, а Вилфред Ндиди брилијантно скокна во толпата играчи и ја отскокна топката со глава за 2:0.
Потоа се чинеше дека натпреварот ќе оди во еден правец, а кога во 67-та минута, Адемола Лукман речиси влезе во голот по додавање од Виктор Осимен за 3:0. Сепак, откако успеаја да го намалат резултатот со голот на Монтасар Талби, Тунижаните внесоа драма во натпреварот, ниту по нивна вина, ниту по нивна заслуга. Добија пенал од малку несмасна реакција на Брајт Осаи-Самуел, кој играше со рака во дуелот и откако го изгледаше ВАР видеото, Траоре Бубу покажа кон пеналот во 87-та минута.
Но, Абди шутира силно со 3:2 и така добивме неизвесност. За малку ќе беше од готово па вересија. Нигерија се “тресеше“ и тоа како за победата,но на крајот сепак ги освои трите бода.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полна сала и силна поддршка за Бејта и ВЛЕН во Гостивар

Следно

Меколи Калкин открива зошто направил пауза од глумата на врвот на својата слава

Latest from Blog

Во тек реконструкција на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола

Во тек е санацијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со што спортскиот објект добива нов и современ изглед. Проектот опфаќа целосна реконструкција на трибините, замена и зајакнување на

Македонски активисти со новогодишни пакетчиња, израдуваа дел од Македончињата во Општина Пустец

Македонските активисти, Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“ и Елена Симонофски претседателка на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, продолжуваат со распределба на новогодишни пакетчиња за Македончињата во Албанија, со цел, како што велат „да
Go toTop