Оштетување на столчињата и неправилно користење на просторот причини што „Златно славејче“ нема да биде во Филхармонија

May 13, 2023
1 min read

Детскиот фестивал „Златно славејче“ оваа година беше одбиен за реализација во просториите на Филхармонија. Од Филхармонија за „Република“ велат дека одлуката следи по минатогодишно искуство.

Токму одбивањето на апликацијата на „Златно славејче“ била една од замерките на контролорите од Министерството за култура кои министерката Бисера Костадиновска Стојчевска ги испратила да ја чешлаат документацијата на Македонската Филхармонија откако во неделата таму се одржа Годинешната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Поточно, како тоа на реномиран детски фестивал му се одбива барањето, а се прифаќа издавање на салата за политички настан.

Кон крајот на 2022 година, во големата сала на Филхармонија беше одржан детскиот фестивал Златно славејче. По завршувањето на фестивалот, од страна на вработените во Филхармонија беа констатирани одредени оштетувања на столчињата во делот на публиката, како и неправилно користење на просторот, вклучително и тоалетите и гардеробите, за што беше испратен и писмен допис до организаторот. Од оваа причина, беше одлучено во текот на 2023 година, да не дозволи одржување на овој фестивал во просторот на Филхармонија, велат од Филхармонија.

Замерки се наоѓале и  што настанот е во ден недела, но, бидејќи концерти, културни и секакви настани во Филхармонија редовно има и за викенд, не е направена никаква отстапка за партијата. Како што потврдуваат и од самата институција – салата се изнајмувала и се изнајмува за разни субјекти, вклучително и политички.

Во официјалната изјава од Филхармонија за „Република“ велат дека на ден 11.05.2023 година (четврток) , од страна на Министерството за култура пристигнаа тројца вработени, административни службеници, кои пренесоа дека доаѓаат по налог на министерката за култура со цел да извршат увид во документацијата за настанот кој се одржа на ден 07.05.2023 година (недела) од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, односно за настанот Унија на жени на ВМРО.

Според она што ни беше соопштено на состанокот од 11.05.2023 година, кој се одржа во просториите на Филхармонија, додаваат, целта на контролата беше Годишната конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Би констатирале дека не стануваше збор за инспекција од инспекторатот на министерството, туку за контрола по налог на министер, потенцираат од Филхармонија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија праќа воена помош за Украина во вредност од 2,9 милијарди долари

Следно

Чавушоглу: Потребна е соработка за трајна стабилност во Сирија

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop