Чавушоглу: Потребна е соработка за трајна стабилност во Сирија

May 13, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Потребна е соработка за да се обезбеди трајна стабилност во Сирија, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесува Анадолу.

„Обединетите нации соработуваат со нас по ова прашање. Соработката со режимот на Асад, исто така, е многу важна. Ова е од суштинско значење за градење трајна стабилност во Сирија“, изјави Чавушоглу за телевизискиот канал Си-ен-ен Турк.

Тој рече дека Туркије е домаќин на најголем број сириски бегалци: „550.000 луѓе се вратија по создавањето на безбедната зона. Луѓето треба да се вратат во своите домови. Нивното враќање треба да биде безбедно и достоинствено. Нивната безбедност е исклучително важна. Треба да се создаде инфраструктура за нивните основни потреби.“

Чавушоглу потсети дека министрите за надворешни работи на Туркије, Русија, Иран и Сирија во средата се согласија да се формира комитет за нормализирање на односите меѓу Туркије и Сирија.

„Договорена е мапа на патот. Одлучено е да се формира работна група. Пријателите ќе разговараат кои чекори ќе се преземат во борбата против тероризмот, како ќе функционира политичкиот процес и кои чекори ќе бидат преземени во наредниот период.“

„Можеби ќе се сретнеме уште еднаш. Тогаш може да се сретнат лидерите. Со други зборови, неопходно е да се подготвиме за средбата на лидерите“, додаде тој.

Сирија е вовлечена во жестока граѓанска војна од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад со неочекувана жестокост ги разби продемократските протести.

Според процените на ОН, во војната загинале стотици илјади луѓе, а над 10 милиони се раселени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Оштетување на столчињата и неправилно користење на просторот причини што „Златно славејче“ нема да биде во Филхармонија

Следно

Белгиецот Витсел ја заврши репрезентативната кариера

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop