Орце Ѓорѓиевски им оддаде почит на хероите кои го ослободија Скопје

November 13, 2025
1 min read

По повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово одржа традиционална средба со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

Ѓорѓиевски им се заблагодари на присутните за нивната пожртвуваност и посветеност во негувањето на сеќавањето на борците кои го положија животот за слободно Скопје.

– На денешен ден, Скопје ја дочека слободата донесена од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор. Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, за иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива, со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе, истакна Ѓорѓиевски.

 

Градоначалникот додаде дека 13 Ноември е датум кој не само што потсетува на храброста на генерациите пред нас, туку и нè обврзува сите да продолжиме да го градиме Скопје како модерен, достоинствен и слободен град.

– Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември. Слава на борците за слободно Скопје! – порача градоначалникот Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Општина Битола ги повикува креативците да се приклучат во новогодишната „Зимска приказна“

Следно

Николовски: Во октомври повторно надмината недостижната наплата на приходи, во Буџетот се слеале над 12 милијарди денари од Царинската управа

Latest from Blog

Мицкоски: Започна изградбата на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески„

Навистина делува импресивно, овие се проекти коишто носат додадена вредност во општините, во средините, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан каде присуствуваше на изградба на нова спортска сала во ООУ„Блаже Конески“во

Стадионот „Петар Милошевски“ повторно домаќин на квалификациски натпревар за Европското првенство

Стадионот „Петар Милошевски“ повторно ќе биде домаќин на голем фудбалски натпревар, овојпат помеѓу македонската фудбалска репрезентација до 21 година и репрезентацијата на Шведска. Натпреварот се игра денес со почеток во 17:00 часот,
Go toTop