ДВЕ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ЦЕНТАРОТ НА БРИСЕЛ: Има загинати и тешко повредени

August 14, 2026
1 min read

Најмалку
еден пожарникар загина денеска, а уште три лица се тешко повредени во две силни
експлозии на гас во зграда во центарот на Брисел, до кои дојде за време на
работ
а беше оштетен
гасовод, јавуваат белгиските медиуми.

Нешто пред
полноќ од зградата беа евакуирани околу 100 луѓе, откако изведувачот на
работите случајно го оштетил гасоводот, пренесува ВРТ нвс (VRT nws).

Потоа во
објектот се случиле две експлозии, изјави портпаролката на компанијата
„Сибелга“, Серена Галеоне.

Во
експлозиите тешко се повредени уште три лица – двајца вработени во компанијата
„Сибелга“, која управува со гасната мрежа, и уште еден пожарникар.

Тие здобиле
изгореници, чиј степен сè уште не е познат.

Голем број
припадници на спасувачките служби се наоѓаат на лице место, а подрачјето во
центарот на Брисел е оградено.

Според
зборовите на портпаролката на „Сибелга“, експлозиите не се случиле на местото
каде што бил оштетен гасоводот, туку внатре во самата зграда, каде што
најверојатно се на
таложил гас.

Истекувањето
на гасот во меѓувреме е санирано, но во зградата сè уште има гас.

Пожарникарите
воспоставија безбедносна зона, а пред нејзиното укинување ќе биде извршена и
проценка на стабилноста на објектот.

Инцидентот
влијаеше и врз трамвајскиот сообраќај во Брисел, две трамвајски линии
привремено не сообраќаа.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Latest from Blog

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако

Водата во Демир Капија е забранета за пиење

Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На
Go toTop