Општина Битола ги повикува креативците да се приклучат во новогодишната „Зимска приказна“

November 13, 2025
1 min read

Општина Битола објави јавен повик за сите заинтересирани правни и физички лица кои сакаат да бидат дел од организацијата и реализацијата на новогодишната манифестација „Зимска приказна 2026“. Целта е да се збогати културната и туристичката понуда на градот во пресрет на дочекот на Новата година и да се создаде празнична атмосфера за сите граѓани и посетители.

Според повикот, право на учество имаат домашни субјекти кои делуваат во областа на културата и културниот туризам. Аплицирањето се врши со доставување на пополнета апликација и изјава за согласност, кои треба да бидат потпишани и испратени по електронски пат на е-маил адресата [email protected], или физички во архивата на Општина Битола на шалтер број 3, во работно време од 7:30 до 15:30 часот.

Изборот на учесниците и настаните ќе го спроведе Комисија за селекција и евалуација формирана од градоначалникот на Битола. Комисијата го задржува правото да направи финален распоред на програмата.

 

Потребните документи и критериумите за избор се достапни на официјалната веб-страница на Општина Битола: https://www.bitola.gov.mk/zimska-prikazna-2026/

Со оваа иницијатива, Општина Битола ја продолжува традицијата на организирање празнични настани кои ја промовираат локалната култура, креативност и заедништво под празничните светла на градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Европската инвестициска банка ќе ја засили поддршката за енергетските проекти во Македонија

Следно

Орце Ѓорѓиевски им оддаде почит на хероите кои го ослободија Скопје

Latest from Blog

Стадионот „Петар Милошевски“ повторно домаќин на квалификациски натпревар за Европското првенство

Стадионот „Петар Милошевски“ повторно ќе биде домаќин на голем фудбалски натпревар, овојпат помеѓу македонската фудбалска репрезентација до 21 година и репрезентацијата на Шведска. Натпреварот се игра денес со почеток во 17:00 часот,

Божиновска: Нов паметен систем за енергетска ефикасност во основното училиште во Маџари

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес присуствуваше на потпишувањето на меморандум за соработка во основното училиште „Наум Наумовски Борче“ во Маџари, со кој се обезбедуваат паметни уреди за

Зеленски: Русија нема да запре, планира голема агресија и во Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија планира да започне голема агресија на европскиот континент во 2029 или 2030 година, наведувајќи дека тоа е индицирано со зголеменото производство на руско оружје. Зеленски
Go toTop