„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот.
Најмалку два носачи на товар и еден товарен брод поминале низ Ормускиот теснец како дел од планот за евакуација во изминатите 12 часа, покажаа денес податоците од аналитичката група LSEG.
Најмалку 35 други комерцијални бродови, претежно товарни, се подготвуваат да поминат низ Ормускиот теснец, според анализата на Ројтерс врз основа на податоци за поморскиот сообраќај од LSEG и веб-страницата MarineTraffic.
Иран и Оман: Ќе ги проучиме трошоците
Планот за евакуација, кој се преговара со месеци, ќе им овозможи на стотици бродови со околу 11.000 морнари заглавени во Персискиот Залив да поминат низ Ормускиот теснец, соопшти вчера IMO.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Иран им гарантирал на САД дека нема да има никакви такси за премин низ Ормутскиот теснец, што беше точка на спор во преговорите меѓу двете земји.
Иран и Оман вчера објавија дека ќе ги проучат „трошоците“ што би можеле да се наплатат за услуги поврзани со управувањето со теснецот.
Извор: vecer.mk

