Октомври бил постуден и со повеќе врнежи од вообичаеното во Македонија

November 12, 2025
1 min read

Месец октомври годинава бил постуден и надпросечно врнежлив, покажува анализата на УХМР врз основа на многугодишните просечни вредности.

Средномесечната температура се движела од 6,7 степени во Маврово до 14 во Гевгелија. Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овој октомври бил постуден за 1,8 степени, на ниво на држава.

Највисоката максимална температура, пак, е измерена на 24 октомври во Демир Капија и изнесувала 26,7 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот е измерена во Берово, на 29 октомври и изнесувала минус три степени.

Во месец октомври 2025, месечната сума на врнежи варирала од 55мм во Берово до 151мм во Маврово.

Максимално дневно количество на врнежи од 55мм е регистрирано во Маврово.

Споредено со октомвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи била 25 отсто над просечната.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Скопје добива шест ленти под земја – Ѓорѓиевски најавува револуција во сообраќајот

Следно

Роналдо: Знам дека во Даблин ќе ме исвиркува цел стадион, но ако, тоа ми се допаѓа

Latest from Blog

Жената што му се закани на судијата на судењето на Трамп осудена на 27 месеци затвор

Жената од Тексас, која упати насилни закани до федералниот судија кој работеше на отфрлена кривична постапка против американскиот претседател Доналд Трамп, денес беше осудена на две години и три месеци затвор. Окружниот

Се појави снимка од ликвидацијата на познат албански мафијаш- го изрешетаа пред бројни минувачи (ВИДЕО)

Напаѓачите седеле во автомобил од кој излегле кога забележале дека се приближува возилото во кое патувал Дани. Веднаш отвориле оган врз луѓето во другиот автомобил, а потоа испукале уште неколку кратки рафали.

Роналдо: Знам дека во Даблин ќе ме исвиркува цел стадион, но ако, тоа ми се допаѓа

фото: Cristiano Ronaldo (X) Португалија е многу блиску до обезбедување билет за Светското првенство следната година. На два натпревари до крајот на квалификациите, Кристијано Роналдо и неговата репрезентација водат со пет бода

Скопје добива шест ленти под земја – Ѓорѓиевски најавува револуција во сообраќајот

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес потпиша одлука за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во главниот град. Сообраќајницата ќе се гради на булевар „Македонија“, на потегот

Трогателен говор на Марија Шерифовиќ на погребот на татко ѝ

Членови на семејството и најблиски пријатели се собраа на последното збогување. Се збогуваше со трогателни зборови За време на погребот, Марија одржа емотивен проштален говор. „Драг тато, се збогуваме, но знај дека
Go toTop