Ограничен пристапот до интернет во Иран поради националните протести

January 4, 2026
1 min read

Информацијата се заснова на наодите на американската ИТ компанија „Клаудфлер“ (Cloudflare). Извештаите на социјалните мрежи говорат за „интензивни“ прекини и стравувања дека меѓународниот пристап до интернет наскоро може целосно да биде исклучен.

Веќе една недела Иран е потресен од политички немири. Првично, граѓаните во главниот град Техеран протестираа против економската политика на владата, но тие брзо се развија во немири низ целата земја. Покрај слоганите насочени против сегашното раководство, многу демонстранти повикуваат на враќање на монархијата, која беше соборена со Исламската револуција во 1979 година.

За време на протестите во 2009, 2019 и 2022 година, како и за време на израелските воени напади во јуни минатата година, владата строго го ограничи меѓународниот пристап до интернет, а во одредени моменти целосно го исклучуваше. Тогаш беа достапни само националните веб-страници одобрени од властите.

Набљудувачите велат дека ограничувањата имаат две цели. Првата е да се спречи координацијата на демонстрантите за собири, кои во голема мера се организираат преку интернет. Втората е да се спречи објавувањето извештаи, слики и видеа од немирите на социјалните мрежи.

Владата одбива да даде прецизни информации. Сепак, извештаите на социјалните мрежи опишуваат насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата и безбедносните сили, во кои наводно се убиени повеќе од десет лица, а многумина се повредени. Активистите за човекови права велат дека се уапсени стотици демонстранти. Овие тврдења не можат независно да се проверат, нагласува ДПА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Лампард направи чуда, тој е вистинскиот човек за Челзи“

Следно

Културен печат на историјата: Објавена првата разгледница „Поздрав од Гора“ во Албанија

Latest from Blog

Фото: Во топлес и танги ја испрати 2025

Славната манекенка Хајди Клум повторно ја изненади јавноста со свое голо издание.  Но, се чини дека овој пат имала добра причина за тоа… Хајди го прослави последното зајдисонце во 2025 година во романтично

Готово е: Кансело се врати во Барселона

фото: Florian Plettenberg (X) Португалскиот дефанзивец Жоао Кансело се враќа во Барселона. Каталонскиот клуб ќе го позајми 31-годишниот фудбалер од Ал-Хилал до крајот на сезоната за 4 милиони евра, објави инсајдерот Фабрицио

Снежна и ледена покривка во Европа, -30°C во Чешка

Снегот, дождот и ниските температури предизвикаа хаос во многу европски земји, бидејќи луѓето се враќаат на работа по празниците. Околу 450 летови се откажани на аеродромот Схипхол во Амстердам, а железничките услуги

Хороскопски парови кои не функционираат заедно

Некои хороскопски знаци може да имаат силна хемија на почетокот, но со текот на времето станува јасно дека нивните разлики создаваат повеќе проблеми отколку возбуда. Иако се вели дека спротивностите се привлекуваат,
Go toTop