Одземени мобилни и обемна документација, МВР за претресите во своите редови

February 6, 2025
1 min read

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со соопштение за вчерашната акција која ја спроведуваа во сопствените редови.

Од МВР велат дека извршени биле претреси на 16 локации врз основа на наредба издадена од Судија на претходна постапка.

-Полициски службеници од Одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал, за крим-полиција и за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, вчера по насоки на надлежен Јавен обвинител а во врска со предистражни дејствија поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи при МВР, извршија претреси на 16 локации врз основа на наредба издадена од Судија на претходна постапка. Активностите беа превземени во координација со Јавното обвинителство околу предмет којшто е во предистражна постапка а за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи во МВР во врска со спроведена јавна набавка за потребите на Министерството, се вели во соопштението.

При претресите одземени се мобилни телефони и обемна документација што ќе бидат дел од натамошна анализа и вештачење, а исто така беа извршени и службени разговори со повеќе лица.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Лекар се степале во операциона сала во штипската болница – поведена дисциплинска!

Следно

Макрон и Ал Сиси разговараа за дводржавното решение за израелско-палестинскиот конфликт

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop