Одлука на РКЕ: Пониски давачки за МЕПСО, Електродистрибуција и МЕМО

December 5, 2025
1 min read

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука со која од 1 јануари 2026 година се намалуваат трите клучни ставки што влијаат врз крајната цена на електричната енергија. Надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64%, надоместокот за преносниот систем на МЕПСО се намалува за 2,67%, а цената на услугите на МЕМО опаѓа за 3,40%.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, изјави дека со оваа одлука сега се познати сите елементи што ја формираат крајната цена на струјата – цената и количината на набавената електрична енергија, услугите на мрежните оператори и затворените набавки за загуби. Универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ, под надзор на РКЕ, треба да ја направи пресметката и да ги објави финалните цени по тарифни блокови.

Бислимоски посочи дека делот кој РКЕ го регулира има влијание од околу 36% врз крајната цена на струјата.

Во структурата на крајната цена, надоместокот за електродистрибуција учествува со околу 33%, надоместокот за преносниот систем со околу 4%, додека услугите на МЕМО имаат минимално учество од 0,19%.

Конечната цена за домаќинствата ќе биде позната по пресметката на ЕВН ХОМЕ, која треба да биде објавена во наредниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Гондола што ќе го промени туризмот: Пелистер се отвора за сите сезони

Следно

Проданоски: Прилеп оваа година ќе блесне со „Прилепска празнична приказна“

Latest from Blog

Binance доаѓа во Скопје: На 11 декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите!

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11 декември 2025 година во 17 часот во хотел Мериот во Скопје. На настанот, крипто-ентузијастите

Проданоски: Прилеп оваа година ќе блесне со „Прилепска празнична приказна“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со голема свеченост го најави првиот Новогодишен базар во нов, проширен формат, кој ќе се одржи под мотото „Прилепска празнична приказна“. Манифестацијата ќе трае седум дена и

Гондола што ќе го промени туризмот: Пелистер се отвора за сите сезони

Странски експерти од Словенија и Франција денес пред битолчани ги претставија првичните предлози од физибилити студијата за изградба на гондола кон Пелистер, која би стартувала од Дихово, Ротино или Цапари и би

Фото: Секси стајлингот на Рита Ора, деколте до папокот, а градите речиси испаѓаат

На доделувањето на наградите „Мода“ присуствуваа многу познати ѕвезди, меѓу кои и пејачката со потекло од Балканот, Рита Ора, која веднаш го привлече внимание. За посебната вечер, Рита одлучила да облече фустан во
Go toTop