Оџата Бедри Лика, имам во џамијата во Бутел 2, кој упати јавен повик до албанското население во Скопје да не гласа за Дарко Костовски, сега критикува што градоначалникот на Бутел се фотографираше пред црква на првиот ден од својот мандат – потег кој предизвика реакции кај дел од граѓаните.
-Овој градоначалник кој тврди дека е еднаков за сите граѓани на Бутел, имајќи предвид дека во Бутел живеат граѓани од исламска и христијанска вероисповед, на првиот ден од својот мандат, наместо да се фотографира од канцелариите на општината, се фотографира пред црква – за да покаже дека ќе продолжи со дискриминација! АКО НЕ ГИ ОТВОРИТЕ ОЧИТЕ, ЌЕ ВИ ГИ ОТВОРААТ!, објави имамот Хоџа Бедри Лика.
Лика ги повика Албанците на будност, достоинство и активна улога во заштитата на нивните права и присуство во јавниот живот. Според него, верските лидери имаат обврска да реагираат кога се загрозени вредностите и еднаквоста на заедницата.
Но, статусот предизвика реакција кај албанското население каде што во коментарите многу Албанци го критикуваа Лика. Некои го обвинија дека зборува во име на сите, без да ги праша, додека други му замерија што не реагирал за други случаи.
Останува да се види дали Лика ќе одговори на критиките.
Ky kryetarë i cili pretondon, se është i barabartë për gjithë qytetarët e Butelit, duke pas parasysh, se në Butel kemi…
Posted by Hoxhë Bedri Lika on Monday, October 20, 2025
Извор: kurir.mk