Новиот Управен одбор на АЕК ќе ја стопира одлуката за покачување на платите за 20 проценти, најави Мицкоски

November 28, 2024
1 min read

Новото раководство, односно новиот Управен одбор на Агенцијата за електронски комуникации ќе ја стопира одлуката за покачување на расходите за бруто плати за 20 проценти во АЕК, истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашањето од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, кој наведе дека со предложениот финансиски план за 2025 година ова тело предвидува приходи од 9,3 милиони денари, што е за 31 отсто помалку во однос на оваа година.

-Јас тоа го дознав од новото раководство во Агенцијата за електронски комуникации, кое што беше избрано во Парламентот пред отприлика две недели, дека раководството на одење потпишало Колективен договор заедно со директорот, кој што е кадар на Демократската унија за интеграција, овие кои што се грижат за стандардот и се загрижени многу кој е легитимен, кој не е легитимен. Потпишале ваков Колективен договор кој претходно никогаш не бил потпишан, ниту имало потреба од него, кога сите знаеме колкави и какви се примањата во Агенцијата за електронски комуникации. Добрата вест е што новото раководство, новиот Управен одбор прво што ќе направи е да ја стопира оваа одлука и ќе ги преземе сите механизми што стојат на располагање да биде овој колективен договор ништовен. Колективниот договор, ќе повторам, го потпишало претходното ракводство каде што членот, односно претседателот на Управниот одбор е од СДСМ, а директорот кој што во моментот сѐ уште ја извршува таа позиција е од редовите на ДУИ, истакна Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Јонуз за КУРИР: СДСМ со ваква постава не може ни на мали голчиња да го тепа ВМРО-ДПМНЕ, а камоли на избори

Следно

Гаши: Ќе се обидеме да ја смениме формулацијата 20 проценти за албанскиот јазик

Latest from Blog

Ѓорѓиевски со екипите на лице место: Сите сили во борба со разгорениот пожар

Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток

Видео: „Чудни“ женски панталони

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од реакции – и тоа е поради деталите на детските женски панталони од малопродажниот синџир Target USA. Наместо да привлечат внимание поради нивниот

Градоначалникот Коњановски во директен дијалог со жителите на урбаните заедници

Денес градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средби со граѓаните од урбаните заедници Димитар Влахов, Ѓорги Наумов и Кочо Десано. Преку кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите
Go toTop