Новинарот на Би-Би-Си кој исчезна на грчки остров пронајден мртов

June 9, 2024
1 min read

Британскиот новинар и презентер на Би-би-си, познат по емисијата „Верувај, ми, јас сум доктор“ (Trust Me I’m a Doctor) Мајк Мосли, кој во средата исчезна на малиот грчки остров Сими, претпладнево беше пронајден мртов, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, телото на 68-годишниот Мосли било пронајдено во карпест дел во близина на плажа, а откриено со помош на видеоматеријали снимени од новинарските екипи.

Градоначалникот на Сими Лефтерис Папакалодукас, кој учествуваше во потрагата по новинарот, за телевизијата „Опен“ рече дека најверојатно паднал и починал.

-Бев во чамецот со кој отидовме да ја најдеме пештерата за која рекоа дека можно е да отишол. Камерите снимаа и камерата на ЕРТ сними предмет, покрај оградата, на десет метри од плажата. Човекот е мртов. Како е можно? Стигнал до неговата дестинација и на десет метри од плажата на која има 200 луѓе никој не го видел. Паднал и загинал, рече градоначалникот на Сими.

Мосли на островот бил на одмор заедно со неговата сопруга и пријатели, во средата попладне му се изгуби трагата, по што и започна потрагата која со несмален интензитет траеше до претпладнево.

Во средата заминале на плажа, по што новинарот одлучил да се врати сам, пеш, во време кога на островот било особено топло со температура од околу 40 степени Целзиусови, а не го носел мобилниот телефон.

Сими е мал остров во јужниот дел на Егејското море, во близина на Родос и има нешто повеќе од 2.500 жители.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изборите за Европскиот парламент во завршница

Следно

Палестинците копаат бунари при алармантен недостиг на вода поради израелските напади врз Газа

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop