Нови случаи на Кју треска во Црна Гора, властите спроведуваат епидемиолошки надзор

September 17, 2024
1 min read

Во Црна Гора е пријавен уште еден случај на зараза со Кју треска, што е трет случај во последните неколку дена, соопштија од Институтот за јавно здравје за ТВ Вијести. Според епидемиолозите, засега не е утврден контакт со заразени животни.

Претходно беа пријавени два случаи на зараза во Даниловград, а бројот на заразени се очекува да се зголеми, особено кај луѓето кои биле во контакт со болни животни.

Властите во Црна Гора спроведуваат епидемиолошки надзор врз 28 лица, а голем број заразени говеда се еутаназирани.

Екологистите тврдат дека „инфекцијата се раширила меѓу добитокот, бидејќи биле потребни повеќе од 20 дена за да се усмртат и правилно да се закопа добитокот, бидејќи Црна Гора нема ниту крематориу, ниту гробишта за добиток каде што може да се фрлаат животински трупови“.

Кју треската е болест предизвикана од инфекција со Coxiella burnetii, бактерија која ги погодува луѓето и животниte. Овој организам е невообичаен, но може да се најде кај говеда, овци, кози и други домашни цицачи, вклучувајќи мачки и кучиња. Инфекцијата е резултат на вдишување на варијанта на мали клетки слични на спори и од контакт со млеко, урина, измет, вагинална слуз или сперма на заразени животни. Ретко, болеста се пренесува преку крлежи. Периодот на инкубација може да се движи од 9 до 40 дена. Луѓето се ранливи на Кју треска, а инфекцијата може да биде резултат дури и на неколку организми.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду

Следно

АХВ изрече мерка на времено затворање на кујната во касарната Гоце Делчев

Latest from Blog

Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика на трансатлантски форум во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе присуствува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина, Грција, по официјална покана од американскиот секретар

Шведска воведува затвор за 13-годишници

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во септември објави планови за намалување на возраста за кривична одговорност за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот

Проданоски: Почит кон културното наследство на Прилеп – ѕвезда на Коста Смилески

Синоќа во Прилеп, заедно со членовите на семејството на Коста Смилески, беше откриена ѕвездата на патеката на познатите прилепчани, посветена на еден од најзначајните музички дејци на градот и македонската култура. Коста
Go toTop