Бугарија ќе оди на седми парламентарни избори за последните 5 години.
Падна владата во Бугарија – притисокот од протестите и буџетскиот крах го урнаа Жељазков. Бугарскиот премиер денеска даде оставка, откако опозицијата поднесе интерпелација за работата на владата, за која се гласаше во парламентот. Жељазков ја најави оставката пред гласањето.
Росен Жељазков премиер на Бугарија – Не се сомневаме дека гласањето за недоверба нема да биде успешно. За нас, одлуките на Националното собрание имаат смисла кога ја изразуваат волјата на суверенот. Како што постојано наведуваме, го слушаме гласот на граѓаните кои протестираат. Затоа, мора да ги исполниме нивните барања – оставка на владата. Протестот беше против ароганцијата и суетата, за начинот на кој се спроведуваат вредностите на демократијата. Затоа владата поднесе оставка
По изјавата на Жељазков дека кабинетот колективно поднесува оставка, се гласаше недоверба на владата – според правилата. Гласањето го поддржаа 106 пратеници од ПП-ДБ, „Преродба“, „Величе“ и МЕЧ. Пратениците од ГЕРБ, БСП и Има Таков Народ не гласаа…
Синоќа, десетици илјади луѓе, излегоа на улиците во Софија и други градови низ Бугарија против, како што велат, нелегитимната влада и ниските приходи. Скандираа – Оставка и Мафијата надвор. Демонстрациите се оценија како едни од најмасовните во последните години.
Оставката на Жељаков е во пресрет и на влезот на Бугарија во еврозоната од 1ви јануари. Некои опозициски партии, но и шефот на државата Румен Радев се противат на воведувањето на еврото и бараа референдум – кој беше одбиен. Радев синоќа испрати порака до грѓаните.
Ова ќе бидат СЕДМИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ОД 2021 НАВАМУ. Најкуси влади на власт во Европа.
45 Народно собрание 15.04.2021 – 12.05.2021
46 Народно собрание 21.07.2021 – 16.09.2021
47 Народно собрание 03.12.2021 – 29.07.2022
48 Народно собрание 19.10.2022 – 03.02.2023
49 Народно собрание 12.04.2023 – 18.06.2024
50 Народно собрание 19.06.2024 – ?
Румен Радев претседател на Бугарија – Бугарите се огорчени од ароганцијата и надменоста, од провокациите што ги организираат олигарсите за да го дискредитираат протестот на слободните луѓе. Власта измисли нов жанр – протест во поддршка на владата. Порано, ние ова го нарекувавме манифестации. Но, како и да е, не може да се скрие очигледното – незадоволството е масовно.
Засега е неизвесно, дали по оставката на Жељазков , ќе бидат организирани нови предвремени избори во Бугарија, или ќе се прави обиз за формирање мнозинство во собранието.
Извор: vecer.mk

