НОВ, „ПОБЕДНИЧКИ“ ТИМ: Лузерот Филипче ќе го номинира губитникот Трајановски за потпретседател на СДСМ

November 13, 2025
1 min read

Најголемиот губитник на изборите и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека вечерва ќе се одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разгледуваат повеќе кадровски и политички промени во партијата. Тој посочи дека процесот на внатрешни реформи се одвива постепено и по јасен план.

Филипче откри дека ќе предложи докторот Александар Трајановски да ја преземе функцијата потпретседател на СДСМ.

„Трајановски е човек кој долго време му е посветен на СДСМ, а неговата кампања покажа дека знае да мобилизира поддршка и да привлече внимание. Верувам дека со неговото вклучување ќе добиеме значајно кадровско засилување,“ рече Филипче.

Тој потврди дека на вечерашниот состанок ќе бидат презентирани и други промени, повикувајќи на трпение од членството и симпатизерите додека трае внатрепартискиот процес.

Трајановски беше кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром, загуби со огромни 2:1 или 18.000 наспрема 9.000 во вторито круг. Во првиот круг разликата беше уште поголема, 16.000 наспрема мизерни 6.000 за новиот потпретседател на СДСМ.

Веројатно, никој друг не му се согласил да му биде потпретседател, коментираат познавачите. Она пазарџиското од бувљак, дај што ќе дадеш…

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ПОЛИЦИЈАТА УБИ ИНФЛУЕНСЕР: „Почина во ужасен инцидент“

Следно

Милевски ги откри стартните 11 за дуелот со Летонија

Latest from Blog

Македонија и Египет ќе соработуваат во високото образование и науката

Македонија ќе добие поддршка во напорите за унапредување на високото образование од страна на Египет, земја чии универзитет забрзано се искачуваат на глобалните ранг листи, а ќе се продлабочува и билатералната соработка

Синот на Буфон растура за Чешка

Играчот на Пиза, тимот од Серија А, Луис Буфон, синот на легендарниот италијански голман Џиџи Буфон игра фантастично во националниот дрес. Но не италијанскиот, туку оној на Чешка. Буфон јуниор е со

Турција бара гаранции дека прекинот на огнот во Газа ќе биде траен

Турција очекува планираните Меѓународни сили за стабилизација во Газа да обезбедат гаранции дека кревкото примирје ќе трае, соопшти Министерството за одбрана на земјата во четврток. Како членка на НАТО, Турција е меѓу

Министерката за финансии: Владата гради стабилна и сигурна деловна клима

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска истакна дека Владата и Министерството за финансии се посветени на создавање стабилна, предвидлива и транспарентна економска средина што ќе поттикне доверба во институциите и економски раст.
Go toTop