Нов пакет американска воена помош за Украина од 3 милијарди долари, вклучени и пешадиски транспортери

January 6, 2023
1 min read

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен објави дека станува збор за воена помош од 3,75 милијарди долари за Украина и другите земји погодени од руската инвазија

Американската влада ќе испрати дополнителна воена помош во вредност од три милијарди долари за Украина, што е најголемиот единствен пакет помош до сега, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан Пјер. Жан Пјер најави дека во текот на ноќта ќе бидат објавени информации за содржината на пакетот за воена помош.

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен објави дека станува збор за воена помош од 3,75 милијарди долари за Украина и другите земји погодени од руската инвазија. Во соопштението за медиумите, тој објасни дека оружјето и воената опрема за Украина првенствено вклучуваат пешадиски борбени возила „Бредли“, артилериски системи, оклопни транспортери, ракети земја-воздух и муниција.

Ова веќе го соопшти претседателот Џо Бајден во телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц во четвртокот.

Во заедничката изјава по разговорот, Соединетите држави соопштија дека на Украина ќе ѝ дадат борбени возила на пешадијата Бредли, додека Германија ќе обезбеди борбени возила „Мардер“.

„Бредли не е тенк, тоа е убиец на тенкови. Убедени сме дека тоа ќе им помогне (на украинските сили) многу на бојното поле“,

изјави во четвртокот портпаролот на Пентагон, генерал Рајдер.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски со честитка по повод Бадник: Најсреќен во неговото семејство беше синот Јован (ФОТО)

Следно

Спасовси ја префрли топката за неговото разрешување кај Ковачевски – тој молчи, молчи и Филип Николовски Уранија

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop