Николоски: Работиме на нов царински систем со Србија и Албанија што ќе овозможи електронско препознавање на камионите на граница без застанување

November 27, 2025
1 min read

На седница на Влада во вторникот се определени дополнителни средства од 1.450.000 евра, што ќе се додадат на веќе определените 3,8 милиони евра од Светската банка за новиот царински систем „new single window system“ што веќе во прва фаза со Македонија го воведуваат и Албанија и Србија, а во втора фаза треба да го воведат и Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, информираше потпретседателот на Владата и министер за транспорт Алексаднар Николоски, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.

Идејата, како што посочи Николоски, е кога ќе се тргне во карго сообраќај, камионите доколку ги имаат претходно електронски пополнето сите документи и се е уредно, кога ќе дојдат на граница електронски да се препознаваат регистарските таблички и рампата за нив се отвора без воопшто да застанат на граница.

-Тоа значи дека теоретски ако одредена роба се истовари во Драч и се носи за Белград нема да има застанување кога истото ќе го воведат и Албанија и Србија. А, во моментот кога ние ќе го воведеме, отпрлика е рок од година дена, на наша страна нема да има застанување, што многу ќе помогне и во намалување на потенцијална корупција на царината, затоа што со самото тоа што целосно ќе биде дигитализирано и веќе оние што работат на граничните премини ќе немаат никаква улога во делот на контрола на камионите. Секако оние што ги немаат сите документи и не ги исполнуваат условите ќе треба да бидат проверени, изјави Николоски.

Идејата, како што појасни Николоски, е да се интегрираат десет различни институции од Агенција за храна, фитосанитарни инспекции, УЈП и т.н. кои, како што рече, ќе треба зеднички да работат и да има интероперабилност со што ќе се овозможи брз проток на македонските граници и намалување на можностите за потенцијална корупција.

Николоски, исто така, информираше дека веќе постигнале договор со Грција да обезбедат грант и се во доста напредна фаза за проширување на досегашните шест ленти на ГП „Богородица“ на 11 ленти, така што би имало далеку побрз проток на границата од тоа што е сега и очекувам на пролет негде да почне да се работи.

Со Србија веќе имаме „one stop shop“, посочи Николоски, нагласувајќи дека во тек е целосна реконструкција на два гранични премини на Коридорот 8, ГП „Ќафасан“ е веќе целосно завршен, а ГП „Деве Баир“ е во напредна фаза, и веќе се работи на втора фаза каде треба да бидат интегрирани сите институции присутни на границата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

КЛ: Сигма на Костадинов со важна победа над Целје, прв пораз на Мајнц

Следно

Божиновска: Нови стратешки проекти за енергетска стабилност во 2026

Latest from Blog

Трагедија во Хонг Конг: Бројот на жртви се искачи на 83, полицијата открива можна причина за пожарот

Најмалку 83 лица загинаа, а повеќе од 250 се водат како исчезнати по катастрофалниот пожар што го зафати станбениот комплекс Ванг Фук Корт во населбата Таи По во Хонг Конг. Пожарникарите сè

Божиновска: Нови стратешки проекти за енергетска стабилност во 2026

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, истакна дека енергетските реформи во земјата напредуваат стабилно и со јасни чекори, поддржани од меѓународни партнери. „Со тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги

75 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг

Бројот на жртви од пожарот во станбен комплекс со високи згради во Хонг Конг се искачи на 75. Претходно, најмалку 65 лица загинаа, а најмалку 70 беа повредени во пожар во станбен

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Во вечерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5 телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој истакна дека партијата останува на ставот дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат, потенцирајќи
Go toTop