Николоски: Од утре стартуваат 11 нови авиолинии од Скопје и Охрид

October 26, 2025
1 min read

Вицепремиерот Александар Николоски најави дека од утре започнуваат 11 нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, како дел од владините политики за подобрување на воздушната поврзаност и развој на туризмот.

„Политиките на Владата за привлекување на авиолинии ги даваат своите резултати. Од утре, 27 октомври, од Охрид ќе се лета кон Базел — важна дестинација што го поврзува Охрид со туристи од Швајцарија, Франција и Германија“, изјави Николоски.

Од скопскиот аеродром ќе почнат летови кон Стокхолм, Штутгарт, Бари и Ларнака, а од 3 ноември ќе бидат воведени линии до Женева и Мадрид. Од 15 декември ќе се лета и кон Прага и Келн, а во април наредната година и кон Будимпешта и Неапол.

 

Николоски нагласи дека ова претставува „револуција во авиосообраќајот“, бидејќи ваков број нови дестинации не бил отворен со децении.

„Расте бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром, расте бројот на туристи во Македонија и ќе продолжиме во овој правец. Добредојде на сите кои ќе слетаат во Охрид и Скопје и пријатно патување“, порача Николоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ѓорѓиевски: Потпишана декларација за обединување за подобро Шуто Оризари

Следно

Потрес во Владата на Словенија: Двајца министри поднесоа оставки

Latest from Blog

Леверкузен сигурен пред своите гледачи

Екипата на Баер Леверкузен забележа нова победа во осмото овогодинешно коло од Бундес лига шампионатот откако денеска на свој терен со 2:0 го совлада тимот на Фрајбург. Квалитетот на домашните не дозволи

Фицо: Словачка нема да финансира никаква програма на ЕУ за воена помош за Украина

Словачка нема да учествува во ниедна програма на Европската унија насочена кон финансирање на воена помош за Украина во борбата против руската инвазија, изјави денес премиерот на земјата Роберт Фицо. „Одбивам да

ВИДЕО: Еве како чисти „Комунална хигиена“, сметот оставен по улиците и тротоарите

Подигнати вкупно 350 тони комунален отпад. Ова преку соопштение до медиумите во петокот го истакнаа од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Велат, го собирале комуналниот отпадот на булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП,

МС СТОЈАН СЕ ОЖЕНИ ТАЈНО, И ГО КРИЕ ЛИЦЕТО НА НЕВЕСТАТА, никој не знае зошто

Раперот МС Стојан тајно се ожени со својата мистериозна избраничка. Пејачот објави фотографии од свадбата на социјалната мрежа Инстаграм, а самиот чин наводно е изведен во Бугарија. Пејачот МС Стојан се сврши
Go toTop