Николоски: Имaме големи планови Македонска пошта да стане доминантна на пазарот, започнавме со инвестиции во средства и опрема

January 2, 2026
1 min read

Ja консолидиравме Македонскa поштa, државна компанија каде вработените молеа да земат плата со претходната Влада. Сега не само што успеавме да не испуштиме од работа вработени, туку платите и сите законски права на вработените се исплаќаат редовно, истакна во гостувањето за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој најави и осовременување на Македонски Пошти со 100 нови возила.

-Некоректно е приватните пошти да го земаат целиот пазар, а Пошта да го носи товарот. Кога ќе ги видите приходите, со 75% од пазарот пошта има приход од некаде 11 милиони евра, додека приватните пошти со 25% од пазарот, имаат некаде 18 милиони евра. Тоа мора да го корегираме, ќе донираме 100 комби возила, од кои 90 помали и 10 поголеми. Понатаму тука е нов софтвер, со што се обидуваме пошта да ја ставиме во една добра позиција и со законски измени ќе помогнеме компанијата дополнително да расте, истакна Николоски.

Тој најави реструктуирање на државните пошти, план кој ќе се реализира во периодот што следи.

-Претходната Влада на СДСМ сакаше да ја продаде и на таков начин да го реши проблемот. Знаете дека двајца Генерални секретари се или под истрага, или се осудени, за тоа што го правеле поврзано со пошта. Јас и тогаш кажав, дека додека сум министер нема да се испуштаат луѓе од работа и никој не е испуштен од работа, иако имаше барања и од ЕУ за нешто такво. Јас реков дека ќе стигнеме до рационализација и намалување на трошоците, но преку подобрување на работењето и зголемување на профитабилноста, рече вицепремиерот Николоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Универзална Инвестициска Банка со највисок дневен промет

Следно

Николоски најавува модернизација на Македонската пошта со 100 нови возила и нов софтвер

Latest from Blog

ВЛЕН за новите економски закони: Повеќе права за работниците и повеќе инвестиции

ВЛЕН го поздравува усвојувањето на новите реформски закони, кои го означуваат значајниот пресврт во борбата против сивата економија и во изградбата на силна, правична и целосно формална економија во државата. Под водство

Коледарски оган и празнична манифестација во Пробиштип

По повод најголемиот христијански празник – Божиќ, Општина Пробиштип и оваа година организира традиционално собирање на бадникови гранчиња и палење на коледарски оган на месноста Жгури. За сите заинтересирани граѓани, на 5

Пожарот започнал од прскалки на шампањ? – Обвинителството: „Ќе испитаме дали постои кривична одговорност за овој настан“

Јавната обвинителка на кантонот Вале, Беатрис Пилу, изјави дека обвинителството интензивно работи на утврдување на околностите на трагедијата. „Според досегашните информации, пожарот веројатно започнал од прскалки, или факели, кои биле поставени на

Николоски најавува модернизација на Македонската пошта со 100 нови возила и нов софтвер

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, најави значајни инвестиции и осовременување на Македонската пошта, со цел државната компанија да заземе водечка позиција на пазарот. „Ја консолидиравме Македонската пошта, државна
Go toTop