Николоски: Има голем интерес од авиокомпании за воведување на нови дестинации, ќе ги избереме најдобрите

September 17, 2024
1 min read

Имаме голем интерес од авиокомпании кои се заинтересирани да воведат нови дестинации од домашните аеродроми согласно јавниот повик што го објавивме, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.

Тој најави дека по завршување на јавниот повик на почетокот на месец Октомври, ќе се изберат најдобрите компании кои ќе понудат нови атрактивни дестинации, а со тоа диреткно ќе се влијае врз зголемување и подобрување на авиосообраќајот во земјава.

“Има голем интерес и ќе ги избереме најдобрите. Тоа што ќе потврдам е дека новите дестинации ќе се воведат со летниот ред на летање бидејќи авиокомпаниите ги планираат летовите една година однапред. Го избравме овој начин бидејќи сакаме да донесеме нови патници во земјава, а не граѓаните да си одат од земјава. Избравме финансиска поддршка, како еден од приоритетите на Владата бидејќи после короната имаме континуиран пад на бројот на патници и ова е начин како авиосообраќајот да го подобриме и да овозможиме прифатливи услови за патување”- истакна министерот Николоски.

Тој додаде дека значително се зголемува цената за финансиска поддршка и тоа од Скопје од претходните 7 евра се зголемуваат на 9 евра по патник, а од Охрид од претходните 4,5 евра се зголемуваат на 12 евра по патник, што е услов за зголемување на турзимот во охридско-струшкиот регион, додаде министерот Николоски.

Јавниот повик за финаниска поддршка беше објавен овој месец и трае се до 4 октомври. Финансиската поддршка е зголемена на 360 милиони денари за период 2025-2027 година, а се очекува да се привлечат преку 200 илјади нови туристи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Владата усвои информација за изградба и реконструкција на повеќе спортски објекти за оваа година

Следно

Албанија предлага формирање заеднички тимови за размена на информации околу мигрантските текови по балканската рута до ЕУ

Latest from Blog

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред

Најбогатиот знак во ноември: Очекува зголемување на платата – пристигнуваат деловни понуди

Во ноември, астролошки гледано, Јарецот има најмногу можности за богатство и финансиски напредок. Енергијата на месецот му носи стабилност, нови деловни понуди и шанси конечно да ја отплати напорната работа од претходните

Алиу: После изборните резултати нашата коалиција е сигурна и посилна

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори. Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна
Go toTop