Николоски: Домашна компанија ќе го гради автопатот Скопје – Блаце

June 13, 2026
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, најави почеток на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, оценувајќи го проектот како една од најзначајните инфраструктурни инвестиции за подобрување на регионалната поврзаност.

На работна средба со директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Фатих Туркменоглу, се разговарало за реализацијата на проектот и следните активности поврзани со изградбата на автопатската делница.

„Автопатот Скопје – Блаце претставува витална патна артерија со која Македонија се поврзува со Косово и Црна Гора. Неговата изградба ќе придонесе за поефикасен транспорт и побезбеден сообраќај, ќе ја подобри поврзаноста со соседните земји и ќе создаде нови можности за економски развој, трговија и инвестиции“, истакна Николоски.

Тој посочи дека изведувач на проектот е конзорциум предводен од македонската градежна компанија „Гранит“, нагласувајќи дека по подолг временски период домашна компанија ќе има водечка улога во целосната реализација на еден автопатски проект.

Според предвидената проектна документација, на трасата ќе бидат изградени пет тунели, две галерии и 12 мостови, а заедно со останатите помали инфраструктурни зафати, вкупно 40 објекти ќе се реализираат на терен.

Николоски оцени дека со изградбата на автопатот Скопје – Блаце, Македонија дополнително ќе ја зацврсти својата позиција како важна транзитна и транспортна врска во регионот.

„Ја градиме Македонија“, порача Николоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чаир доби 100 нови контејнери, продолжува унапредувањето на јавната хигиена

Следно

Николоски најави старт на стратешкиот автопат кон Косово: Ќе се градат тунели, мостови и галерии

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop