Николоски: Брза пруга на коридор 10, доизградба на железничкиот коридор 8 и заедничкиот тунел со Бугарија

January 3, 2026
1 min read

Од месец октомври започнавме да работиме на планирање на пругата. До лето ќе завршиме и потоа првите багери ќе ги видиме на терен. Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен, а во меѓувреме еден колосек или до 2028 ќе биде функционален, изјави вицепремиерот Александар Николоски, говорејќи за проектите во железницата.

-Сeга го работиме најзначајниот дел што не е видлив за грaѓаните, а тоа е добро планирање. Сега го работиме планирањето и подготовката. Кога ќе направите добро планирање тогаш проектот колку и да е комплициран оди брзо и во рок. Кога нема да направите тогаш ви се случува проектот да оди бавно и да не се решава, на пример Охрид – Кичeво. А имаме и добар пример автопатот Демир Капија Смоквица или Скопје – Штип. Очекувам до лето да завршиме и потоа првите багери да ги видиме на терен. Пет години откако ќе почнат да работат да се заврши и ветивме дека во 2031 година проектот брза пруга од граница север- југ да биде завршен. Имајќи предвид дека пругата ќе биде двоколосечна, една пруга во 2028 година ќе биде функционална, истакна Николоски.

Во однос на пругата на коридор 8 тој истакна дека тимови од двете железници работат интензивно на прекуграничниот тунел.

-Тимови од областа на железниците од Македонија и Бугарија активно работат на документацијата за изградба на меѓуграничниот тунел од железничката пруга, одлично одат работите и околу тендерските постапки од двете страни. Во Бугарија пред неколку дена помина договорот, се ратификуваше, од наша страна обврските се завршени, знаете дека повторно има политичка криза, за жал падна Владата таму. Се надевам дека Собранието таму ќе продолжи да работи во јануари месец, но без разлика на тоа, веќе интензивно работат железничките тимови од двете страни. Сега треба да се формира Комитет од двете страни, кој ќе треба да ја сработи документацијата за тунелот, која што пак најверојатно ќе е онаа која што ние веќе ја имаме како проект изработен од Македонски железници, вели Николоски

Вкупната инвестиција на двете страни за целосно поврзување на Скопје и Софија како што истакна вицепремиерот ќе чини над 2 милијарди евра, од кои 810 милиони од македонска страна и 1 милијарда и 200 милиони евра на бугарска страна.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка и Алкалоид со најголем неделен промет, МБИ10 стабилен со минимален пад од 0,14%

Следно

Еден конгрес го дели македонскиот гулаб-вртач да биде регистриран и признат како автохтон

Latest from Blog

Мицкоски утре на отворање на нова детска градинка во Сопиште

Утре 04.01.2026 година (недела) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова детска градинка во Сопиште. Детската градинка „Сонце“, ќе овозможи згрижување и

Мицкоски утре на отворање на нова детска градинка во Сопиште

Утре 04.01.2026 година (недела) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова детска градинка во Сопиште. Детската градинка „Сонце“, ќе овозможи згрижување и

Саем на македонска традиционална кујна во Пустец

Со присуство на Македонци од сите делови на Мала Преспа и пошироко и претставници на македонската Амбасада, денеска во Пустец, седиште на истоимената општина, беше одржан Саем на македонска традиционална кујна. –
Go toTop