Николоски: Безбедните патишта се клучни за вредноста на секоја наша инвестиција

July 14, 2026
1 min read

Државниот инспекторат за транспорт ќе биде зајакнат со нова опрема и современи технологии, преку донација од Европската Унија, која треба да придонесе за поефикасен инспекциски надзор и поголема безбедност во сообраќајот.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, истакна дека со новите специјално опремени возила, современиот софтвер за следење и обуките за инспекторите, институцијата добива значително подобрени услови за работа.

„Со оваа голема донација која Европската Унија ја прави за нас, Државниот инспекторат за транспорт добива комплетно нова димензија. Ова не се само возила, туку и современ софтвер за следење на возилата, како и знаење и обука за инспекторите“, изјави Николоски.

Тој нагласи дека покрај изградбата на нови експресни патишта и автопати, особено внимание мора да се посвети на нивната заштита и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

„Градиме експресни патишта и автопати, но истовремено мора многу да внимаваме на безбедноста и на заштитата на патиштата. Непочитувањето на правилата е еден од главните фактори за нивно уништување, а со овој начин инвестициите што ги правиме ќе добијат долгорочна вредност“, порача Николоски.

Министерот упати благодарност до амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, за неговата поддршка и посветеност во реализацијата на проектот, оценувајќи дека донацијата претставува важен чекор кон модернизација на транспортниот инспекциски систем.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

Latest from Blog

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат

Јамал: Ако некој може да ги победи Французите, тоа сме ние!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Шпанија е подготвена за најголемиот предизвик на Светското првенство, полуфиналниот дуел со Франција, а најголемиот адут на „црвената фурија“ ќе биде Ламин Јамал. Дуелот меѓу Франција и Шпанија (денеска, 21:00 часот)

ВЛЕН: Со шест министри ќе го продолжиме мандатот со уште посилно темпо

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека по изгласувањето на реконструкцијата на Владата, влегува во нова фаза на владеење со засилена одговорност и шест министерски ресори. Од партијата истакнуваат дека реконструкцијата претставува потврда дека

Емиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице

Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат. Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло
Go toTop