Невзат Бејта обвинува: Општината во Гостивар трошела стотици илјади евра без резултати

December 26, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Вреди, Невзат Бејта денеска на прес конференција упати обвинувања кон досегашната локална власт за злоупотреби со тендери за реконструкции на улици и пополнување на ударни дупки.

Како што рече, од општинскиот буџет се излеале огромни суми пари кон фирми, а работите на терен не биле извршени.

„За рехабилитација и реконструкција на патиштата во нашата општина доделен е тендер во вредност од 700.000 евра, потпишан од Ваљбон Лимани. Наместо да се завршат работите, не е работено апсолутно ништо. Компанијата што го добила тендерот е од Скопје, како може да ги донесе механизацијата и работниците во Гостивар. А ние во нашата општина имаме многу јаки компании што имаат механизација и работници, но тие не прифаќаат да ги земат парите без работа, затоа тендерот е доделен на компанија што нема допиран точка со Гостивар. Не сме виделе дека некој дошол да работи, улиците се уште се полоши, уништени и во многу лоша состојба, како што може сите да видат секојдневно. Ова не е направено само за една година, туку за осум години откако почна владеењето на Таравари-Лимани. “, кажа Бејта посочувајќи дека истото се случувало и со тендер за пополнување на ударни дупки низ улиците.

„Тендерот за покривање на дупките низ градот и селата чини 200.000 евра, а ниедна дупка не е пополнета. Пак тендерот го добила компанија не од Гостивар, туку од Тетово која никогаш не дошла да види каде има дупки и да ги пополнува. Човек-компанија, ни механизација, ни работници. Дупки се покривани со бекатонки, нашите граѓани секојдневно ги гледат овие работи, ги уништуваат своите автомобили.“, рече тој.

Бејта нагласи дека откако ќе победи на изборите ќе ги обелодени, како што рече, сите злоупотреби правени изминатите 8 години со пари собирани од даноци и такси на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ученици од „Кочо Рацин“ запознаа како функционира локалната самоуправа во Битола

Следно

Кој е сега идиот?!

Latest from Blog

МЕПСО го рестартира стратешкиот проект за 400 kV интерконекцијата Битола–Елбасан

АД МЕПСО соопшти дека успешно завршила постапката за избор на најповолен понудувач за проектот од висок стратешки интерес – изградбата на 400-киловолтната интерконекција Битола – Елбасан (Компонента 1: ДВ од ТС Битола

Костовски: Усвоен рекорден буџет од 848 милиони денари, Левица, ДУИ и ВЛЕН против развојот на Општина Бутел

Советот на Општина Бутел денес го усвои најголемиот и најамбициозниот буџет што оваа општина некогаш го имала, во износ од 848 милиони денари, насочен директно кон развој и задоволување на реалните потреби

Кој е сега идиот?!

ФОТО: Newcastle United/FB Во летниот преоден рок раководството на Баерн Минхен имаше намера да се засили со Флоријан Вирц (Леверкузен) и Ник Волтемаде (Штутгарт). Сепак и двајцата се преселија во Премиерлигата, во
Go toTop