Неверојатно: Ги имаат Исак и Ѓокереш во нападот а во квалификациите освоиле само еден бод!

October 14, 2025
1 min read
ФОТО: Svensk fotboll/FB

Ако Македонија и Косово се најголем хит во квалификациите за пласман на СП 2026, тогаш јасно е дека Шведска е убедливо најголемото разочарување.

Инаку вчера Швеѓаните беа поразени од Косово дома, па така сега се убедливи последни во групата -Б со еден бод, а пред нив се Швајцарија 10, Косово 7 и Словенија 3.

Делува нестварно, посебно ако се зна дека во нападот селекцијата на Шведска ги има Александер Исак и Виктор Ѓокереш, да оваа селекција успеала да постигне само два гола и тоа против Словенија на гости на стартот од квалификациите.

А ова лето овие двајца направија мега – трансфери во Ливерпул и Арсенал, заеднички вредни и повеќе од 210 милиони евра.

Фановите во Шведска се гневни, посебно на овие двајца, кои според нив не го даваат својот максимум во дресот на репрезенацијата.

Инаку покрај Исак (Ливерпул) и Ѓокереш (Арсенал), Шведска од напаѓачите ги има и Руни Барџи (Барселона), Виктор Линделоф (Астон Вила), Антони Еланга (Њукасл), Лукас Бергвал (Тотенхем).

И уште еднаш, неверојатно.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Проданоски: Населбата „Градина“ ќе создаде нови можности за прилепчани

Следно

Последните предупредувања на Хокинг до човештвото ако сака да преживее

Latest from Blog

Како да препознаете личност која ви посакува зло: Ова ги принудува да ги покажат своите вистински лица

Ако се прашувате дали во ваша близина има личност која ви посакува зло, можеби ќе треба подобро да ги согледате некои од следниве знаци. Бидете внимателни! Веројатно во животот сте научиле дека

Пелегрини: Ја критикувам ЕУ дека постојано ви се поставуваат нови услови, не треба интеграцијата да се злоупотребува со политички спорови

Словачка е голем поддржувач на евроинтеграциите на вашата земја и целосно ќе го поддржи пристапувањето, затоа што тоа е вистинската перспектива и вистинскиот начин на којшто ќе се напредува. Но ЕУ не

Младинците блеснаа – Македонија со 9:0 го прегази Гибралтар и оди во елитна фаза!

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години оствари историски успех, пласирајќи се во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство, откако денеска во Турново го декласираше Гибралтар со убедливи 9:0. Избраниците на селекторот

Коњановски: Во секое маало – парк, зелено катче и детска игра

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, најави дека градот продолжува со засилената динамика на уредување нови зелени површини и создавање современи простори за рекреација и одмор. „Зад мене е новиот
Go toTop