Нетанјаху призна дека Израел е одговорен за убиството на 7 хуманитарни работници: „Тоа не е намерно, тоа се случува во војна“

April 2, 2024
1 min read

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека во ненамерен израелски напад загинале невини луѓе во Газа откога беше објавено дека во енклавата биле убиени седум лица што работеле за хуманитарната програма Светска централна кујна.

„За жал, во последните 24 часа се случи трагичен инцидент, каде што нашите сили ненамерно погодија невини луѓе во Појасот Газа. Ова се случува во војна, ние проверуваме до крај, ние сме во контакт со владите и ќе направиме сè за да не се повтори ова“, рече Нетанјаху зборувајќи на хебрејски во видеопораката.

Светската централна кујна (WCK) претходно објави дека ги прекинува операциите во Газа по нападот, во кој загинаа седум нејзини работници.

„WCK веднаш ги прекинува своите операции во регионот. Набргу ќе донесеме одлуки за нашата идна работа“, рече извршниот директор на WCK, Ерин Гор.

Организацијата во соопштението рече дека нејзиниот персонал „отпатувал во зоната без конфликт во два оклопни автомобила означени со логото на WCK“.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Иранскиот врховен лидер Хамнеи: Израел ќе биде казнет за нападот врз Конзулатот

Следно

Туркије: Во пожар во Истанбул загинаа 25 лица

Latest from Blog

Просинечки е пред отказ на кормилото на Црна Гора

По синоќешниот дебакл на Максимир, во кој репрезентацијата на Црна Гора во рамките од тековните Мундијалски квалификации загуби со високи и убедливи 4:0 од домаќинот Хрватска, огромни се шансите црногорците да останат

Календар на МПЦ: Денес е Преподобен Пимен Велики

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 август. Преподобен Пимен Велики Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива

Две комисии ќе заседаваат во Собрание

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на двете собраниски комисии се две исти точки –

Невремето направи хаос во Хонгконг- училиштата затворени, не работат компаниите (ВИДЕО)

23 Повеќе летови се откажани и поради бурата, која достигна јачина од 170 километри на час, објави Ројтерс. Поголемиот дел од јавниот превоз во Хонгконг, вклучувајќи фериботи, автобуси и трамваи, е суспендиран. Училиштата
Go toTop