Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
1 min read

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, предавајќи му копија од писмото испратено до Нобеловиот комитет.

– Додека зборуваме, тој носи мир од земја во земја, од регион во регион, рече Нетанјаху на почетокот на официјалната вечера со Трамп во Белата куќа.

Тој додаде дека Израел соработува со САД за пронаоѓање држави кои би можеле да им понудат подобра иднина на Палестинците.

На прашање за евентуалното преселување на Палестинците, Трамп одговори дека гледа подготвеност за соработка од соседните земји на Израел.

Нетанјаху истакна дека Израел е подготвен на мир со оние палестински соседи што не сакаат негово уништување, но задржува суверено право да ја брани својата безбедност.

За евентуална промена на режимот во Иран, Нетанјаху изјави дека тоа зависи од самите Иранци.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце

Следно

Внимавајте: Виолетови медузи во бистрите мориња на Грција

Latest from Blog

СДСМ сè уште без кандидат за Пробиштип – дали партијата се повлекува од трката?

На само 28 дена до официјалниот почеток на изборната кампања за претстојните локални избори, СДСМ се нема изјаснето за кандидат за градоначалник на Пробиштип. Од сите општини кои ги раководат градоначалници на

Комерцијална и Алкалоид предводници на августовската берзанска активност

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 01.08.2025 до 29.08.2025 година, на Македонската берза беа реализирани вкупно 1.042 трансакции, со вкупен месечен

МБИ10 надолу за 0,10 %, акцијата на Реплек порасна за 2,86 %

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. 01 септември Скопје – Вкупниот остварен промет на денешната сесија на Македонската берза изнесуваше 596.495.542 денари, од кои

Коњановски им порача на првачињата: Бидете љубопитни и сонувајте големи соништа

Со пригоден настан во Градскиот парк, општина Битола денеска го одбележа почетокот на учебната година за првачињата. Под мотото „Училишна приказна“, најмалите ученици со насмевки и возбуда ги започнаа своите први училишни

Османи не негира средба со Никола Груевски: „Ако имало, била службено“

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на општо изненадување на новинарите, денеска одби да ја негира шпекулацијата дека имал средба со поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски. Кога беше
Go toTop