Некогашниот француски репрезентативец и член на Манчестер Сити потпиша за полски клуб

September 17, 2025
1 min read
фото: Por Fora das Quatro Linhas (X)

Поранешниот освојувач на Светското првенство со Франција и некогашен ас на Манчестер Сити, Бенжамин Менди (31), конечно најде клуб. Откако заврши сагата со обвинувањата за силување, тој се сели во Полска каде ќе ја продолжи својата кариера. Како што објавија полските медиуми, Менди ќе го облече дресот на Погон Шчечин.

Тој потпишал двегодишен договор и ќе игра за годишна плата од еден милион евра. Зад себе имаше тежок период и две сезони надвор од фудбалот поради судење по обвинувањата за силување, пред конечно да биде ослободен. Во тој период, формално беше член на Сити, но не играше.

По неговото ослободување, тој се врати во Франција, играше за Лориен, а потоа се пресели во Швајцарија во дресот на Цирих.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Меркел: Европа мора да се обедини

Следно

Вучиќ: Трамп ме покани во Белата куќа

Latest from Blog

Два сина, две трагедии: Зад гламурот на животот на Роберт Редфорд лежи болна семејна приказна

Со својата прва сопруга, Лола Ван Вагенен, тој имаше четири деца – Скот, Шона, Џејмс и Ејми Редфорд. За жал, нивниот најстар син, Скот, почина од синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња

Речиси половина од луѓето со дијабетес не знаат дека го имаат: Нелекуван, може да доведе до срцев удар, откажување на бубрезите и слепило

Во Соединетите Американски Држави, околу 17 проценти од луѓето со дијабетес се недијагностицирани, а тоа е најчесто кај помладите луѓе. Раниот скрининг и дијагноза се клучни за спречување на сериозни долгорочни компликации

Српскиот министер за одбрана: Воената парада в сабота ќе ја покаже модерната и организирана српска армија

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ изјави дека в сабота цела Србија ќе биде горда на она што ќе биде прикажано на воената парада „Силата на единството 2025“ и истакна дека граѓаните

Просинечки во петок добива отказ на клупата на Црна Гора

Роберт Просинечки по помалку од два неуспешни циклуси на клупата на Црна Гора заминува од селекторското место на оваа репрезентација. Според црногорските изданија, состанокот на Извршниот одбор, каде претседателот Дејан Савиќевиќ и

Зеленски: Подготвен сум за средба со Путин без предуслови

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, во интервју за „Скај њуз“ изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со американскиот претседател Доналд Трамп, без никакви предуслови. „Колку што
Go toTop