Поранешниот голман на ПСЖ, Александар Летелие, сподели анегдота за својот некогашен соиграч Нејмар. Во разговор за L’Équipe, Летелие се присети на момент кој го шокирал додека делеле соблекувална во Париз. Летелие, кој беше дел од францускиот гигант од 2020 до 2024 година, раскажа како еден ден го затекнал Бразилецот во многу необична ситуација.
„Бев шокиран. Тогаш уште бевме во тренинг-центаро. Влегов во тоалет и го видов Нејмар како седи на веце-школката и врши нужда, но со отворена врата. Веднаш излегов, а Абду Дијало (исто така поранешен соиграч – н.з.) сфати дека се прашувам што точно видов“, раскажува Летелјер.
Мистеријата брзо ја разрешил тогашниот нивни соиграч, сенегалскиот дефанзивец Абду Дијало, кој му објаснил дека Нејмар страда од клаустрофобија. Поради стравот од затворени и тесни простори, бразилската ѕвезда никогаш не ги затвора вратите.
„Тој никогаш не се заклучува, секогаш ги остава вратите отворени“, му објаснил Дијало.
Извор: vecer.mk

