Нејмар со два гола го спаси Сантос од пораз против ѕвездениот Фламенго

October 9, 2026
1 min read

Нејмар постигна два гола за Сантос во ремито 2-2 на домашен терен против шампионот и лидер во бразилската Серија А, Фламенго. 

Нејмар го започна натпреварот на клупата и влезе на стартот на второто полувреме на местото на Кутињо. Во тој момент, неговиот тим губеше со 0-2. Данило и Лукас Пакета беа стрелци за Фламенго. 

Но, во 79-тата минута, Жоржињо доби црвен картон за играње со рака во шеснаесетникот. Домаќините добија пенал, кој Нејмар го реализираше за резултат 1-2. Во 87-та минута, Сантос доби уште еден пенал, а Нејмар постигна гол за конечни 2-2. Сега Нејмар има постигнато вкупно 160 голови во дресот на Сантос, со што е деветти стрелец во клупската историја. 

Фламенго е водечки на табелата со 61 бод. Сантос е на осмото место со 42.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Следно

Ligji për Specialen: Çfarë pritet më tutje?

Latest from Blog

ПРЕМИЕРОТ ПОПУШТИ ПРЕД БАРАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ – Итно ангажирани 3.000 наставници

Француската влада конечно попушти под притисокот од двонеделните масовни ученички протести кои ја потресоа земјата – премиерот Себастиен Лекорну најави итно ангажирање на повеќе од 3.000 наставници во училиштата кои се соочуваат

Ligji për Specialen: Çfarë pritet më tutje?

Kuvendi i Kosovës i miratoi më 6 tetor ndryshimet në Ligjin për Dhomat e Specializuara dhe Zyrën e Prokurorit të Specializuar, pasi katër ish-krerë të Ushtrisë Çlirimtare të Kosovës u dënuan më

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop