Неизвесност на Волстрит пред извештајот за инфлацијата

April 11, 2023
1 min read

На самиот почеток на вчерашното тргување овие индекси паднаа бидејќи во петокот беше објавен извештај според кој бројот на вработени во САД е зголемен за 236 000, значително помалку од еден месец претходно. Стапката на невработеност, пак, падна од 3,6 на 3,5 отсто, додека растот на платите забави втор месец по ред

На Волстрит, Dow Jones и S&P 500 благо пораснаа во понеделникот, по многу нестабилното тргување, бидејќи инвеститорите не беа сигурни дали американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки или ќе го запре процесот. Dow Jones зајакна 0,30 отсто, на 33 586 поени, додека S&P 500 порасна за 0,10 отсто, на 4 109 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,03 отсто, на 12 084 поени.

На самиот почеток на вчерашното тргување овие индекси паднаа бидејќи во петокот беше објавен извештај според кој бројот на вработени во САД е зголемен за 236 000, значително помалку од еден месец претходно. Стапката на невработеност, пак, падна од 3,6 на 3,5 отсто, додека растот на платите забави втор месец по ред.

Иако податоците беа во согласност со очекувањата на аналитичарите и покажаа дека затегнувањето на монетарната политика од страна на ФЕД дава резултати, инвеститорите стравуваат дека не е доволно централната банка да го прекине циклусот на зголемување на каматите.

Затоа, на пазарот на пари сега проценува дека има 74 отсто шанси ФЕД да ги зголеми клучните каматни стапки за дополнителни 0,25 процентни поени на состанокот во мај, додека пред извештајот за работните места, шансите беа околу 49 отсто. Сепак, пазарот вчера се смири, а индексите ги вратија почетните загуби, при што Dow Jones и S&P 500 ја завршија сесијата со позитивна нота.

„Тоа беше ден без јасна насока на пазарот. Инвеститорите се уште веруваат дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени во мај, што го зголемува ризикот од рецесија. Покрај тоа, инвеститорите се нервозни пред извештајот за потрошувачките и производствените цени“,

вели Сем Стовал, стратег во CFRA Research.

Извештајот за потрошувачките цени во САД ќе биде објавен во четврток, а за производствените во петок. Тие извештаи ќе им дадат на инвеститорите поцелосна слика за забавувањето на инфлацијата во март.

И оваа недела започнува сезоната на објавување квартални деловни резултати на компаниите. Во петок, големите три банки – Citigroup, JPMorgan Chase и WellsFargo – ќе објават извештаи, кои би можеле да дадат појасна слика за ситуацијата во секторот, по колапсот на неколку регионални банки во март.

Според најновите проценки на аналитичарите во истражувањето на Ројтерс, заработката на компаниите од индексот S&P 500 во првиот квартал ќе биде за 5,2 отсто помала во однос на истиот квартал лани, додека на почетокот на кварталот очекувале заработката да расте за 1,4 отсто.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал Мадрид тргна по Дани Олмо

Следно

Бен Чилвел го продолжи договорот со Челси до 2027 година

Latest from Blog

Во израелски напад на семејна куќа во Газа загинаа родителите и нивните четири деца

Според лекарите, Фирас Ал-Масри, неговата сопруга Салсабил и нивните три ќерки и син се убиени во нападот врз куќата во населбата Сабра. Израелската војска потврди дека го извршила нападот, наведувајќи дека целта

Ново невреме од Албанија и Косово доаѓа во Македонија – се очекуваат интензивни врнежи

По силното невреме што денеска предизвика штети во повеќе делови од земјата, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека кон Македонија се приближува нова нестабилна воздушна маса. Според информациите од УХМР, невремето

Албанците од Општина Бутел му даваат трипати поголема поддршка на градоначалникот Костовски отколку на поранешниот градоначалник од СДСМ во 2023 година

Анкета спроведена меѓу 1.100 граѓани на Општина Бутел покажува значителна промена во перцепцијата на граѓаните Албанци кон актуелниот градоначалник Дарко Костовски. Според резултатите, од 228 анкетирани Албанци, 44,7% позитивно или делумно позитивно

Дефанзивецот на Наполи ќе паузира околу три месеци

Дефанзивецот на Наполи, Алесандро Бонџорно ќе паузира околу три месеци, откако му беше направена операцијата на лигаментот на десното колено. Тоа значи дека тој ќе ги пропушти првите десетина мечеви од шампионатот
Go toTop