Не тргнувајте на зимско патување без овие работи во автомобилот

December 13, 2025
2 mins read

Зимата е најпредизвикувачкиот период од годината за возачите
– снегот, мразот и дефектите можат да ве затекнат неподготвени, затоа е важно
во автомобилот секогаш да ги имате основните работи кои можат да спречат појава
на потенцијален проблем.

Зимските услови на патиштата не простуваат неподготвеност.
Токму затоа е важно возачите во своето возило, за време на студените месеци, да
имаат основна опрема која може да им помогне во вонредни ситуации.

Иако можеби нема да се користат секојдневно, овие 12 работи
можат да бидат пресудни кога ќе дојде до дефект, застој или снежна бура.
Навремената подготовка често е разликата меѓу краток застој и сериозен проблем
на патот.

1. Батериска ламба може да биде од клучно значење доколку
автомобилот се расипе во текот на ноќта, особено надвор од населени места.
Освен што овозможува осветлување на околината или моторниот простор, може да
послужи и за сигнализација на другите возачи. Иако мобилните телефони имаат вградена
ламба, во вонредни ситуации е попаметно нивната батерија да се зачува за
повици.

2. Во текот на зимата, во багажникот треба да има вреќа со
песок или сол за посипување на подлогата. Во случај возилото да заглави во снег
или на мраз, посипувањето на просторот пред и зад тркалата може значително да
го подобри прилепувањето и да го олесни извлекувањето.

3. Обилните снежни врнежи често можат целосно да блокираат
паркирано возило. Во такви ситуации лопатата за снег е неопходна, а може да
биде од голема помош и ако возилото заглави на неисчистен пат.

4. Стругалка за мраз е незаменлив дел од зимската опрема на
секој автомобил, бидејќи овозможува брзо и безбедно отстранување на мразот од
стаклата пред тргнување.

5. Ниските температури особено го оптоваруваат акумулаторот, па
каблите за палење често се неопходни во зима. Важно е да се користат квалитетни
и доволно издржливи кабли, бидејќи послабите модели често не се ефикасни кај
посилни мотори.

6. Неколку литри вода и помала количина храна секогаш треба да
се наоѓаат во возилото. Во случај на застој или снежна бура, овие резерви можат
да помогнат да се издржи подолг период на чекање, а се препорачува храна која
не се расипува брзо.

7. Ќебе или покривка можат да бидат пресудни за одржување на
телесната топлина доколку дојде до дефект и чекање помош на студено. Исто така,
можат да послужат и како заштита од влага или студ при евентуални поправки.

8. Дополнителна зимска облека и обувки во багажникот често се
занемаруваат, но во вонредни ситуации можат значително да придонесат за
удобноста и безбедноста на возачот и патниците.

9. Полнач за мобилен телефон, како и преносна батерија, можат
да бидат од пресудно значење кога е потребно да се повика помош, а батеријата
на телефонот е при крај.

10. Основен сет алати може да помогне при помали дефекти или
интервенции, што е особено важно во зима кога условите на патот се значително
понеповолни.

11. И покрај квалитетните зимски гуми, постојат ситуации во кои
тие не се доволни. Синџирите за снег претставуваат дополнителна сигурност и
можат да овозможат продолжување на возењето на тешки делници.

12. Јажето за влечење, иако денес не е задолжителна опрема, во
зима може да биде исклучително корисно доколку возилото заглави во снег или мраз
и е потребна помош од друго возило.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шокантно: На ​​Аргентина ѝ се заканува исфрлање од Светското првенство!

Следно

Се разведува Ејми Шумер: Не е затоа што ослабев (ФОТО)

Latest from Blog

Фулам победнички кај Барнли

ФОТО:Fulham FC Official/FB Фулам вечерва победи на гости против Барнли со 3:2, во натпреварот од 16-тото коло од Премиер лигата. Лондонскиот тим поведе во деветтата минута преку Емил Смит-Роу, додека Лесли Угочукву

Шпанската полиција разби криминална група која шверцувала дрога со хеликоптери

Шпанската полиција во саботата соопшти дека разбила криминална група која користела хеликоптери за шверц на хашиш од Мароко. Хеликоптерите, кои можеле да носат помеѓу 500 и 900 килограми дрога, прелетале преку Медитеранот

Ролат со кокос, едноставен и совршено вкусен

Во време кога брзите и едноставни десерти се бараат сè повеќе, ролатчето со кокос без печење повторно ги освојува домашните кујни. Благодарение на едноставните состојки, овој ролат го наоѓа својот пат и

Прес-конференцијата на СДСМ е одраз на нивното мрачно минато, реагира Онлајн медиа

Онлајн медиа ја осудува прес-конференцијата на СДСМ на која партискиот портпарол јавно дискредитираше медиуми, кои се членови на здружението на електронските медиуми. „Потегот на СДСМ е само одраз на едно мрачно минато
Go toTop