Научниците проучуваат ретка, „одметната“ планета, 5 – 10 пати поголема од Јупитер

October 10, 2025
1 min read

Исто како што Земјата орбитира околу Сонцето, повеќето планети во и вон нашиот Сончев Систем имаат своја ѕвезда-домаќин. Некои, пак, таканаречени „одметнати“ планети немаат своја ѕвезда – и, малку се знае за нивното потекло. Астрономите забележаа токму таква планета којашто нуди нов увид во оваа појава.

Научниците од Астрономската опсерваторија во Палермо, при Италијанскиот национален институт за астрофизика (ИНАФ) велат дека новооткриената „одметната“ планета, наречена Ча 1107-7626, е околу пет до 10 пати помасивна од Јупитер – најголемата планета во нашиот Сончев Систем. Таа е забележана во средиштето на меѓуѕвезден диск од гас и прашина, формирајќи се слично како млада ѕвезда, додека го голташе околниот материјал со брзина што никогаш порано не е видена за таков објект.

Во август, астрономите измерија стапка на акреција (зголемување на масата на небесно тело поради гравитационото привлекување на околната материја) од шест милијарди тони во секунда, настан што претходно е забележан само кај млади ѕвезди и кафеави џуџиња.

– Ова е најсилната епизода на акреција некогаш забележана за објект со планетарна маса, слична на најинтензивната фаза на раст што ја гледаме кај младите ѕвезди. Овој објект е стар околу еден до два милиони години. Многу е млад според астрономските стандарди, изјави проф. Виктор Алмендрос-Абад.

За разлика од повеќе од 6.000 познати планети што орбитираат околу ѕвезди, овие планети немаат ѕвезда-домаќин. Дали се формирале како ѕвезди, преку колапс на гасни облаци или биле исфрлени од нивните сончеви системи, сè уште не е јасно.

Спектралните анализи открија и водородни траги карактеристични за магнетно насочена акреција. Набљудувањата покажаа дека објектот е опкружен со диск богат со силикати и јаглеводороди, со докази за водена пареа и хемиски промени за време на експлозијата. Како и да е, според научниците, сè повеќе докази посочуваат дека Чa 1107-7626 се обликувала како ѕвезда, а не како планета исфрлена од својот систем. Научниот труд е објавен овој месец во „Астрофизикал журнал летерс“ (Astrophysical Journal Letters).

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Фон дер Лајен в среда во Скопје на средби со државниот врв

Следно

Трговската комора ја поздравува мерката за еднаков третман на компаниите

Latest from Blog

Заедница каде што бракот не постои: Жените се наследнички и чувари на домот, а љубовните врски се засноваат на слободен избор и меѓусебно почитување

Во свет каде што патријархалните структури и воспоставените општествени обрасци се речиси насекаде, постои заедница која со векови ги побива правилата. На бреговите на кристално чистото езеро Лугу, на границата на кинеските

Појадок кој го намалува холестеролот и го чува срцето – едноставна намирница која крие вистинско богатство за здравјето

Од холестеролот зависи произведувањето на хормоните како естроген и тестостерон, создавањето витамин Д и варењето на храната. Црниот дроб произведува голем дел од холестеролот, а останатиот дел го внесуваме преку исхраната. Проблемот

Свечена академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Утре, 11.10.2025 година (сабота), со почеток во 12:30 часот по повод одбележување на 11 Октомври Денот на народното востание ќе се одржи свечена академија „На вистинската патека, за татковина со иднина“. Академијата
Go toTop