Наставници од Кисела Вода се обучуваат за изведување на часови по шах

November 19, 2025
1 min read

Шахот станува сè поприсутен во воспитно-образовниот процес, а растечкиот интерес кај учениците ја зголемува потребата наставниците да бидат соодветно обучени за негово реализирање во рамки на наставата. Во таа насока, денес во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа обука за наставници од основните училишта на територијата на општината. Обуката ја организира Шаховскиот сојуз на Град Скопје, кој во континуитет работи на развојот и интеграцијата на шахот во основното образование. Како дел од соработката, Шаховскиот сојуз донираше и по два шаха за сите основни училишта во општината.

Со текот на активностите и методолошкиот пристап што наставниците ќе го применуваат во наставата се запозна и градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, која присуствуваше на дел од обуката.

-Како општина, даваме силна поддршка на сите процеси што го унапредуваат образованието и создаваат вредности кај најмладите. Шахот е предмет кој развива концентрација, аналитичко размислување и дисциплина, вештини што им се важни на учениците. Оваа обука им овозможува на наставниците професионално да се подготват и да го пренесат знаењето на квалитетен и структуриран начин. Верувам дека со ваквите програми ќе продолжиме да градиме посилен образовен систем во нашата општина- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

-Обуката е важна и задолжителна, бидејќи наставниците стекнатите знаења ќе ги имплементираат во изборниот предмет Шах, во рамките на наставата. Шахот веќе три години се имплементира како изборен предмет. Од прво до трето одделение е воспоставен како слободна ученичка активност, а во четврто и петто како изборен предмет. Наставниците што ќе ја завршат обуката добиваат сертификат со кој можат да држат часови по шах- изјави Ѓорѓи Миновски, претседател на Шаховскиот сојуз на Град Скопје.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Фото: Елегантната Меланија Трамп воодушеви со стајлингот

Следно

10 Мудрости од Историјата кои и Денес го Менуваат Начинот на Размислување

Latest from Blog

Народната банка на Србија доби предупредување за воведување на секундарни санкции поради НИС

Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, изјави дека тоа предупредување е сфатено сериозно. „Самиот поим за санкции не звучи добро. Се надевам дека нема да има такви санкции бидејќи тоа

Новиот план на Флорентино Перез за Реал Мадрид

Фото: ФК Реал Мадрид Се чини дека новиот модел на Реал Мадрид постепено се оформува. Следната недела, клубот ќе го одржи своето редовно Генерално собрание, каде што се очекува да бидат претставени

Украина: Бројот на загинати во нападот на Тернопољ се зголеми на 16, повредени се 64 лица, вклучително 14 деца

Бројот на загинати во руските напади на Тернопољ се зголеми на 16, додека 64 лица се повредени, соопшти полицијата на Тернопољската област. Според последните податоци, до 12 часот по локално време потврдена

10 Мудрости од Историјата кои и Денес го Менуваат Начинот на Размислување

Цитати од големите умови што остануваат инспирација за секоја генерација. Во свет исполнет со брзи промени, неизвесност и постојана битка со секојдневието, мудроста на најголемите мислители и лидери во историјата и денес
Go toTop