И покрај руската инвазија, Зеленски сè уште смета дека Украина ќе стане дел од НАТО

1 min read

И покрај тоа што војната не покажува знаци на запирање и по 13 месеци интензивни борби во Украина, претседателот Володомир Зеленски рече дека тој сè уште ја гледа неговата земја на патот кон членство во НАТО.

Зеленски во своето видеообраќање рече дека е благодарен за новата воена помош од Западот и за меѓународната поддршка која Украина ја добива од своите сојузници, а главен фокус стави на тоа што Литванија предложи Украина да биде поканета да стане членка на НАТО на самитот на алијансата закажан во јули во Вилнус. Литванскиот парламент неделава одлучи да побара покана за Украина за членство во Алијансата.

Зеленски апелираше дека им е потребна поддршка од земјите кои досега не се дистанцираа од Русија, велејќи дека Украина се бори за заштита на етичките вредности кои се блиски за сите народи.

„Секој ја цени безбедноста и заштитата од терор, а Русија се залага за концентрациони логори, депортација на деца, силување жени и палење градови“,

рече Зеленски.

Токму желбата на Украина да стане дел од НАТО, Кремљ ја наведуваше како една од причините за воената инвазија која започна минатата година. Тогаш, Зеленски кажа дека се заложува за забрзан пристап во алијансата, а САД и останатите земји членки на НАТО беа резервирани бидејќи според еден од предусловите за влез, земјата треба да не е вклучена во меѓународни конфликти.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Најмалку 44 убиени во двоен терористички напад во Буркина Фасо

Следно

УМЕТНОСТА Е ЕДИНСТВЕН НАЧИН ДА ЈА ОСЛОБОДИМЕ ГЛАВАТА ОД МРАКОТ, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ ИВАН ПОПОВСКИ ЗА СВОЈАТА КОМПАНИЈА „АРТАКТУМ“ ШТО ЌЕ НОСИ ПРЕТСТАВИ ВО СКОПЈЕ

Latest from Blog