Најмалку 39 мигранти загинаа во пожар во близина на границата меѓу Мексико и САД

March 28, 2023
1 min read

Она што досега го знаеме е дека мигрантите од Централна Америка и некои од Венецуела биле во тоа засолниште. Сè уште не ги знаеме точно имињата и националноста на оние што за жал ги загубија животите. Ова е поврзано со протестот што го започнаа откако, претпоставуваме, дознале дека ќе бидат депортирани и како протест ставиле душеци од прифатилиштето на вратата и ги запалиле. И тие не замислувале дека тоа ќе ја предизвика оваа страшна несреќа, вели мексиканскиот претседател

Во пожар во мексикански миграциски центар во близина на границата со САД загинаа најмалку 39 лица, објавија тамошните власти.

Пожарот избувнал пред полноќ во објектот на Националниот институт за миграција (ИНМ) во Сиудад Хуарез, што предизвикало мобилизација на пожарникари и возила за итна помош.

Според ИНМ, најмалку 39 мигранти загинале, а 29 се повредени. Во центарот биле сместени 68 возрасни мажи од Централна и Јужна Америка.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изнесе некои детали во врска со пожарот.

„Она што досега го знаеме е дека мигрантите од Централна Америка и некои од Венецуела биле во тоа засолниште. Сè уште не ги знаеме точно имињата и националноста на оние што за жал ги загубија животите. Ова е поврзано со протестот што го започнаа откако, претпоставуваме, дознале дека ќе бидат депортирани и како протест ставиле душеци од прифатилиштето на вратата и ги запалиле. И тие не замислувале дека тоа ќе ја предизвика оваа страшна несреќа“,

рече Лопез Обрадор.

Пожарот е еден од најлошите во последниве години во Мексико, каде што е забележано рекордно ниво на премини на границата со САД.

Претходно оваа година, администрацијата на Бајден ги засили напорите да го ограничи бројот на премини на мигранти на границата.

Сиудад Хуарез, соседен град Ел Пасо, Тексас, е еден од пограничните градови каде што се заглавени многу мигранти без документи кои бараат засолниште во САД.

Новите мерки на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, воведени во февруари, значат дека мигрантите прво мора да аплицираат за азил во една од земјите низ кои минуваат на пат кон САД, или да аплицираат онлајн преку апликација на американската влада.

Околу 200 000 луѓе се обидуваат да преминат од Мексико во САД секој месец.

Повеќето се од Латинска Америка и наведуваат дека сиромаштијата и насилството во нивните земји се причината поради која бараат азил.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ќе се детронизира ли доларот?

Следно

Во Албанија од 1 април повисока минимална плата за 52 евра

Latest from Blog

Амбасадорот на ЕУ во Србија: Разочаран сум од реториката што се користи во врска со ЕУ

Амбасадорот на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат, денеска изјави за годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на патот кон ЕУ дека треба да „обезбеди мапа на патот“ за тоа

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен
Go toTop