Најмалку 15 Палестинци се убиени во израелските напади во различни делови на Газа

December 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 15 Палестинци се убиени во нападите што израелската Армија ги изврши врз различни делови на Појасот Газа, известува Анадолу.

Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелската Армија нападнала училиште на Обединетите нации (ОН) во кое се засолниле Палестинците раселени од бегалскиот камп Бурајџ од градот Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа.

Тројца Палестинци се убиени, а голем број се повредени во израелското бомбардирање на училиштето „Абу Хемисе“, кое дејствува во рамките на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА).

Израелскиот напад предизвикал пожар во училиштето во кој изгореле 15 шатори во кои престојувале палестински семејства.

Медицинските тимови на Рафа, што се наоѓа на југот на Газа, пронашле тела на 9 Палестинци убиени во вчерашното израелско бомбардирање на источниот дел на градот.

Дирекцијата за цивилна одбрана објави дека тројца Палестинци се убиени, а голем број се повредени во израелското бомбардирање на градот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови

Следно

Швјонтек ја отпушти својата менаџеркa по допинг скандалот

Latest from Blog

Кели Брук: „Докторот ми понуди инјекција за слабеење, но не се откажувам од моите облини“*фото(

Магапопуларната Кели Брук (46) ги покажа своите раскошни облини во бикини додека снимаше нова кампања за костим за капење за еден бренд во Јужна Африка. Водителката и модел, која неодамна ослабе околу седум килограми

Дваесетгодишна Американка стана најмладата градоначалничка во историјата на САД

Гратчето е познато по годишниот Фестифал на пржени животински тестиси, во противпожарната станица во март (еден од неколкуте ширум САД и светот), но и по тоа што минатиот ноември, граѓаните ја избраа

Охрид на мапата на имплантологијата: Разговор на emagazin со спец. д-р Небојша Баткоски

Охрид е препознатлив по македонскиот бисер, но од почетокот на годината овој македонски град се најде на светската мапа на имплантологијата, најфасцинантната стоматолошка гранка за бисерни насмевки. Овој град ќе стане центар

Карик: На самиот почеток сме, но ова е добра стартна позиција

Привремениот менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед, Мајкк Карик со смирувачки тонови и се обрати на јавноста откако синоќа „Ѓаволите“ на чудесен начин изборија гостинска победа од 2:3, кај Арсенал. Одличниот перформанс

Јавна презентација во Општина Пробиштип за поставување на урбана опрема во 2026

СООПШТЕНИЕ Почитувани сограѓани, Општина Пробиштип е во фаза на изработка на Програма за поставување на урбана опрема за 2026 година, со која се уредуваат видовите на урбана опрема, локациите каде што таа
Go toTop