Најмалку 10 загинати во експлозија и пожар во познати швајцарски ски центар

January 1, 2026
1 min read

Најмалку 10 лица загинаа, а неколку се повредени во експлозија и пожар што избувнаа во бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлизијата се случила околу 1:30 часот во локално време во барот „Ле Констелашн“, а причината за несреќата е непозната.

Во соопштение за медиумите, полицијата потврди дека експлозијата се случила за време кога во барот се одржувала новогодишна прослава.


Според извештаите, повеќе од 100 луѓе се наоѓале во барот и салонот „Ле Констелашн“ во алпскиот скијачки центар Кран-Монтана кога избувнал пожарот.

Се наведува дека барот имал капацитет за повеќе од 300 луѓе, но точниот број на луѓе во објектот во тој момент сè уште не е потврден.


Полицијата утрово извести дека службите за итни случаи се уште се на терен и дека е во тек голема спасувачка операција. Голем број полициски, противпожарни и спасувачки екипи беа испратени на местото на настанот и им пружаат помош на многу луѓе погодени од инцидентот.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Месечен хороскоп за јануари 2026 година

Следно

Божиновска: Новата година носи реформи и јасна визија во енергетиката

Latest from Blog

Годишен хороскоп за 2026 година

Овен Работа: Кога ќе ја „преживеете“ првата половина од годината, во втората веќе полесно ќе дишете и ќе можете да остварите долгорочни планови. Нептун на 26 јануари влегува во вашиот знак, па

Македонија во новата година со стабилни економски темели – порака од Димитриеска – Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска ја честита новата 2026 година на граѓаните, истакнувајќи дека минатата година била исполнета со сериозна работа, внимателни одлуки и јасни цели, особено во делот на

Првите жители на Битола во 2026 – Коњановски им посака бериќет и радост

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претпладнево ја посети Клиничката болница во Битола, по повод првиот ден од Новата 2026 година, за да ги поздрави новородените бебиња и нивните мајки. Оваа година, болницата
Go toTop