НАГРАДАТА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ИМ ЈА ПОСВЕТУВАМ НА СИТЕ МОИ НЕВИДЛИВИ ПРЕТХОДНИЧКИ, РЕЧЕ ПРОФЕСОРКАТА МАЈА БОЈАЏИЕВСКА

December 8, 2024
1 min read

Професорката од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Маја Бојџиевска ја посвети државната награда „Св. Климент Охридски“ на како што рече, сите невидливи претходнички затоа што таа е единствената жена меѓу вкупно осум добитници што годинава ги добија наградите „Св. Климент Охридски“ и „11 Октомври“.

На денешната свеченост во Собранието, писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази  ја добија државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 во областа на културата и уметноста, а универзитетската професорка Маја Бојаџиевска во областа на воспитанието и образованието.

Наградата се доделува како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.

Во име на добитниците на наградата се заблагодари Бојаџиевска и во својот говор го нагласи нееднаквото вреднување на придонесот на жените во овие области и побара тие да го добијат заслуженото место во општеството.

„Зарем навистина мислите дека е тоа реалната слика за постигнувањата на жените во нашата средина? Зарем тоа што мене ми беше делегирана задачата да се заблагодарам со овој говор може делумно или симболички да се покрие суштинскиот придонес на жените во овие општествени полиња?… Тоа, се разбира, мора да се промени – не само со најтешката од сите задачи, онаа што се вика промена на свеста, туку со умни, активни, прогресивни политики, базирани на силна убеденост, базирани на искреност, на градење целосно инклузивен систем на вредности“, кажа професорката Бојаџиевска.

Одлуката за годинашните добитници на наградата ја донел Одбор под претседателство на писателот Томислав Османли кој, во обраќањето за значењето на св. Климент Охридски и неговата просветителска дејност, рече дека тој е епископ и едукатор кој ги обединува религиските и секуларните вредности кои траат до денес.

 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се подготвува терен за набавка на нов владин авион

Следно

Само една жена меѓу осумте добитници на државните награди „Св. Климент Охридски“ и „11 Октомври“

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop